Кина ќе го убие доларот во трговијата со нафта

Она од што Америка се плаши е дека Кина набргу ќе успее со петројуанот и ќе продолжи таму каде што Моамер Гадафи беше запрен – да го убие американскиот долар во трговијата со нафтата.

Моамер Гадафи сакал да ја разбие доминацијата на американскиот долар на Блискиот Исток со воведување златен динар, но не успеа.

Кина сега има можност да го заврши тоа што тој го започна, изјавил висок експерт од индустријата за „Раша тудеј“.

„Идејата што се однесува на трговијата за нафта, а тоа да не биде доларот, досега се појавила повеќепати. Некои од таквите идеи биле насилно потиснати од страна на САД, како што тоа било случај со Гадафи кога предложил воведување регионален златен динар со кој би се тргувало со нафтата на Блискиот Исток“, изјавил Александар Егоров, стратег за девизна стратегија.

Но, овој пат обидот да се истера доларот може да се покаже успешен.

„Кина ги презема првите чекори кон тоа увезената нафта да ја плаќа во јуани наместо во американски долари, а Пекинг има нешто што Гадафи го немаше“, вели Егоров.

Според аналитичарот, времето за лансирање петројуан е совршено. Клучните нафташи, Русија, Иран и Венецуела, се под притисок на американските санкции и сега е одличен момент да се откаже доларот во трговијата со нафта.

Михаил Машенчко, аналитичарот на социјалните мрежи за инвеститори, е согласен со сето ова.

„Гледано од руска страна, секако е корисно да се намали улогата на доларот во трговијата со странство. Другите држави што постојано се под закана на нови санкции, како Иран и Венецуела, исто така може да бидат профитабилни“, изјавил тој за „Раша тудеј“.

И двајцата аналитичари се согласни дека треба уште време пред петројуанот да стане вистинска закана за доларот.

Кина треба да добие поддршка од најголемите светски произведувачи на нафта, Русија и Саудиска Арабија, смета Машенчко.

 

Scroll to Top