Американски таен извештај открива дека властите во Кина го измамија светот за пандемијата за коронавирусот со цел да стекнат предност во обидите да соберат залихи медицинска опрема, маски, ракавици на меѓународниот пазар, пред истите да станат најбарана стока, пишува германскиот таблоид „Билд“
Содржината на тајниот извештај на американското Министерство за државна безбедност (DHS) сугерира дека Кина ја сокрила епидемијата за коронавирусот за да собере медицински материјали, вклучувајќи и заштитни маски, на меѓународните пазари, пишува „Билд“.
Во согласност со тоа, комунистичкиот режим на Кина намерно ја прикривал опасноста од коронавирусот на почетокот на јануари. Во исто време Кина значително го зголемила увозот на медицинска опрема и драстично го намалила извозот, пишува „Билд“.
Кинезите предизвикале недостиг на медицинска опрема во светот?
Според истиот извештај, Пекинг, за да се осигура дека купување медицинска опрема нема да биде забележано во светот, податоците за трговијата ги објавувал со задоцнување. Кинескиот режим, меѓу останатото, нарачал големи количини заштитни маски, ракавици и хируршки престилки, како и други медицински материјал, потребен за спречување на ширењето на заразата.
Кинескиот режим ги замолкнувал лекарите кои на почетокот на јануари се обиделе да ја предупредат јавноста за појавата на новиот вирус. Резултатот од тоа бил недостиг на медицинска опрема на светските пазари, што би ја отежнало борбата против вирусот во земји како Италија, пишува „Билд“.
Веќе со месеци се претпоставува дека коронавирусот случајно излегол од Институтот за вирусологија во Вухан, или дека е намерно пуштен. Во тие претпоставки преднички американскиот претседател, Доналд Трамп, кој овие денови изјави дека има убедливи докази дека вирусот е пуштен од споменатата лабораторија, но не смее да изнесува детали во јавноста.
Пекинг го криел и преносот на вирусот меѓу луѓето
Кинеските власти одлучно ги отфрлаат таквите теории, а тамошните државни медиуми возвраќаат подеднакво остро. За американскиот државен адвокат, Мајк Помпео, дури утврдиле дека намерно шири отровни лаги.
Во извештајот на американското Министерство за државна безбедност се предупредува и на ризичните истражувања во лабораторијата во Вухан, каде наводно новиот вирус се појавил во декември.
Посебно се изразува жалење што Кина до 20 јануари го негирала преносот на вирус од човек на човек, иако податоците за тоа постоеле уште во декември минатата година. Кина се обвинува и за уништување на примероците на вирусот, цензура на научните публикации за вирусот. Кинеските власти исто така одбиле да дадат примероци за вирусот на меѓународните истражувачи.
Прашан за можните последици врз Пекинг, американскиот државен секретар Помпео изјавил дека САД ќе ја преземат одговорноста. „Билд“ пишува дека во меѓувреме и други земји сфатиле дека Кина ја предизвикала кризата.
Извор/Bild/net.hr/neweurope.eu/kurir.rs