Кинески научници тестираат куче-робот за да им помогне на лицата со оштетен вид

Роботичкото куче водич, измислено од кинески научници во Шангај, е помалку влакнесто од вистинските кучиња и има шест нозе, а се смета дека еден ден би можело да им помогне на лицата со оштетен вид да водат понезависен живот.

Роботската верзија на кучето, која моментално се тестира во теренски услови, е способна да се движи низ физичкиот свет преку камери и сензори и може да препознае семафори што традиционалните кучиња-водичи не можат, пренесува Ројтерс.

Кучето робот е со големина колку англиски булдог и со помош на вештачка интелигенција интегрирана во технологијата за препознавање глас, планирање маршрути и идентификација на семафорот, може да комуницира, слуша и разговара со луѓе со оштетен вид, а неговите три пара нозе помагаат лесно да оди со максимална стабилност.

Scroll to Top