Под кинеската метропола Пекинг се крие голем подземен град, кој го направил народот во времето на претседателствувањето на Мао Ѕедунг познат и како Мао Це Тунг. Експретседателот им дал упатства на своите граѓани да ископаат длабоки тунели, да складираат многу храна во нив и да се подготват за војна.
Ова место до ден-денес претставува засолниште за голем број кинески граѓани, а тоа е поврзано со сите владини згради во метрополата. Тоа е направено со цел голем дел од кинеската популација да се засолни во време на големи војни.
Особено бил користен во периодот на затегнатите односи меѓу Кина и Советскиот Сојуз. Напнатоста меѓу Кина и СССР во периодот на студената војна го достигна својот врв во 1969 година кога се случи конфликт на границата, кој ја тестира волјата на двете земји.
Односот меѓу нив продолжи сè до распадот на СССР во 1991 година. Кина беше во голема подготвеност за војна, а подземниот град бил идеално место за засолниште од каков било нуклеарен напад.
Многу од луѓето што се запознаени со ова место сметаат дека тоа може да се искористи и во иднина. Имено, тие предупредуваат дека Пекинг во последните месеци ја зголеми својата агресија кон Западот по големиот број критики што ги добија тамошните власти.
Тие од западните партнери беа критикувани поради ненавременото предупредување на светската јавност и можноста да се спречи ширењето на коронавирусот надвор од нивната земја.
Потоа следуваше новиот закон за безбедноста на Хонг Конг за кој Кинезите исто така беа остро критикувани од своите западни европски и американски партнери.
На оваа листа се наоѓаат и плановите за гигантската технолошка компанија „Хуавеј“ да не учествува во развојот на 5Г-мрежата, а на крајот дојде и заканата од Доналд Трамп дека ќе ја исклучи популарната апликација на социјалните мрежи „Тик-ток“.
Во главниот град на комунистичката земја живеат над 21 милион жители на помалку од 6.000 квадратни километри. Но, неколку илјади од нив живеат и во подземните тунели, кои се протегаат и до три ката под земјата.
Комплексот, кој е познат како „дик ченг“, што во превод значи темница, досега нема официјална потврда за неговата вкупна големина, ниту се знае точно каде се наоѓаат сите тунели.
Теоретичарите на заговор веруваат дека ова место покрива површина поголема од 31,25 квадратен метар и е поврзано со сите главни владини згради.
Исотричарите објаснуваат дека комплексот е направен од кинскиот народ, кои рачно копале за да го изградат ова место. Некои од нив биле опремени само со лопати, а земјата ја изнесувале со корпи од бамбус.
Поранешниот претседател на Народна Република Кина, Мао Ѕедунг, ги повикал своите сонародници граѓани да ископаат длабоки тунели, да подготват храна и да се подготват за војна, па речиси 30.000 цивили биле принудени да работат на ова место.
Под водство на воените инженери тие ископале голема мрежа на тунели. Изградиле 10.000 атомски бункери плус ресторани, театри, фабрики, фарми, спортски објекти и сè друго што на една заедница ѝ е потребно за да преживее нуклеарна војна.
Дури и вентилацијата на воздухот била отсечена од надворешниот свет. Според некои пресметки, владата се пофалила дека во комплексот може да го смести целокупното насление во централниот дел на Пекинг, кое во 1969 година изнесувало околу шест милиони луѓе.
Таканаречениот комплекс „дик ченг“ никогаш не бил користен, па осумдесетина единици им биле предадени на локалните власти, кои ги претвориле во канцеларии и продавници.
Но, многу единици во подземниот град се во приватна сопственост и многумина од луѓето ги имаат направено како приватни бункери или мали станбени единици нудејќи ги по висока цена.
Познати како племе на стаорци, некои од тамошните жители ова место го користат со децении, а за други животот под земјата е привремена станица сè додека не може да си дозволат да се вселат во станови над земјата.
Во 2010 година, поради опасноста за безбедноста, која не била утврдена, властите во Пекинг одлучиле дека нуклеарните засолништа повеќе не може да се користат како станбени единици и никому не му било дозволено да живее во нив.
Во 2016 година првата група жители била иселена. Другите жители чекаат да дознаат што им носи иднината. Комплексот е отворен како туристичка атракција во 2000 година, но е затворен поради обновата од 2008 година.
Бил особено популарен меѓу странските посетители, но локалните практично го имаат заборавено.