Модификацијата на временските услови низ годините мина од „налудничави теории на заговор“ до сосема вообичаени метеоролошки техники. Кина и понатаму преднички во приказната.
Најпознат пример е тој во 2012 година, кога Катар создал облак за време посетата на британското кралско семејство. Од тогаш оваа технологија од налудничава теорија, станува стратешка компонента на развиените земји.
Проектот најсериозно го има сфатено Кина, која веќе трета година по ред вложува во проектот на испалување куршуми наполнети со сол и минерали во небото.
Голем медиумски поттик предизвикал слична презентација на создавање вештачка клима за време на Олимписките игри во Пекинг, а ова е софистициран начин, кој од година во година добива сè посериозна контура.
Станува сè поголем бројот на држави кои ваквата програма ја имплементираат во националната стратегија. Интересно, единствено САД на хартија имале ваква програма. Програмата ја имало дури и во секторот во министерството во 60-тите и 70-тите години од минатиот век. Денес сето ова се сфаќа како теорија на заговор.
Патентот на идејата го има американската фирма „Џенерал електрик ко“, која во 40-тите години од минатиот век на планината Вашингтон симулирала создавање ледените кристали во облаците. Се создал дожд, па патентот го откупил воениот сектор.
Технологијата наводно е користена во текот на Виетнамската војна, за операцијата „Попај“, но било невозможно да се докаже дали дождовите настанале по вештачки пат или се само стимулирани од реалните временски услови.
Тогаш на сцената стапува контроверзниот ХААРП, кој користел сосема поинаква техника, влијание на јоносферата, а последично и на тектонските плочи.
Кинеското Министерство за финансии објавило стратешки план, според кој до 2020 година треба да се создадат повеќе од 60 милијарди кубни метри дожд, а своите искуства одлучиле да ги споделат со Индија, земја која е погодена од големи суши.
Руската Влада исто така вклучила ресурси во слични истражувања, а еден од изведувачите на работата е приватната компанија Vedr Modifikejsn Inkorporejted.
Преку стигмата за „теорија на заговор“ успешно е скриена целата технологија, па универзитетите исто така влегле во приказната без премногу натегања. Нивната цел е целиот воздух да содржи влага, па дури и во најтоплите и најсушни предели.
Вбризгувањето зрно со хемиски супстанци во облаците доведува до ладење и полесна кондензација и го забрзува процесот. Технологијата и понатаму е прилично едноставна.
Фамозната ХААРП-технологија, пак, функционира поинаку. На неа работи швајцарска фирма Metro Sistems Internešnal и е во склоп на проектот Vedrtek за креирање поле со негативно набиени честици во јоносферата со помош на јонизатори, поради што како нуспојава се создаваат облаци.
Кина размислува и за имплементација на таквата техника, но засега се држи до горенаведената ставка. САД мудро молчат и не ги коментираат новите трендови за модификацијата на времето.