Во последните неколку години државата Калифорнија ги има повредено правата на сите свои граѓани со тоа што властите наредиле да се вакцинираат сите деца, без оглед на приговорите на своите родители.
Законодавното тело во Калифорнија постојано работело иста работа секогаш од почеток очекувајќи поинаков исход.
Според нив, вакцината е лекот за сите болести што го мачат човештвото, освен кога е во прашање случајот со сезонскиот грип.
И покрај фактот што вакцините против грип се обврзувачки во Калифорнија, „Лос Анџелес тајмс“ пишува дека многу калифорниски болници личат на воени зони затоа што се под опсада од маса болни луѓе.
Годишниот тип на грип, или поточно годинашниот ослабен тип на грип – H3N2, е познат по тоа што тој е повеќе заразен од другите типови грип, пишува весникот.
„Во мојата кариера не сум видела вакво нешто“, вели Кони Канингам, директорката на итната служба во медицинскиот центар „Лома Линда“, кој е во рамките на универзитетот.
Досега оваа година 42 лица помлади од 65 години умреле од грип. Во споредба со минатата година, во истот период никој не умрел од грип. Сега многу луѓе се разболеле, а болниците мораа да постават шатори на паркиралиштата како еден вид тријажа.
„Тоа е како да се обидувате да сурфате за време на цунами“, изјавил доктор Брајан Џохнстон, лекар во медицинскиот центар „Вајт меморијал м едикал центарот“ во Boyle Heightsu.
„Имам чувство како да се наоѓаме во ровови“, изјави доктор Џејмс Мекинел, специјалист за заразни болести.
„Ние навистина се бориме против овие зарази и се обидуваме да ги држиме под контрола“, дополнува тој.
Зошто? Што се случува во земјите во кои вакцините се обврзувачки?
Дали вакцините против грип оваа година се ефикасни како и секоја претходна? Многумина научници велат – не! „Националните здравствени претставици предвидуваат дека вакцините би можеле да бидат само 30 отсто ефикасни во оваа 2018 година“, пишува „Тајмс“ додавајќи дека е погрешно да се верува дека вакцината може да ги намали сериозноста и траењето на болеста за оние лица што ќе се разболат.
Медицинското истражување од универзитетот Ohio State University Wexner Medical Center утврдува дека жените што примиле вакцина против грип, всушност, имаат послаба реакција на имунолошкиот систем во наредните години.
„Доказите укажуваат кон тоа дека сите што ја добиле вакцината против грип во претходната година имаат послаба реакција на антителата во текот на годините“, вели доктор Лиса Кристијан, главната истражувачка на студијата.
Студијата уште еднаш докажа дека сите службени приказни за вакцините против грип и сите оние нејзини соучесници, меѓу кои се корпоративните мејнстрим-медиуми, се лажни и намрено ја мамат јавноста.
Далеку од тоа дека вакцината нуди врвна заштита. Вакцината против грип всушност ги прави луѓето почувствителни на инфекциите на грип, што, се разбира, придонесува што повеќе луѓе да заболат од грип, а потоа нè убедуваат дека се потребни повеќе вакцини против грип за да се добие поголема заштита.
Луѓето што ги добиле вакцините против грип во 2008 година оствариле пораст на заболувања од 250 проценти во нарените години во сезоната на грип.
Доколку се случи глобална пандемија, која вклучува и вируси слични на грипот, оние што постојано се вакцинираат против грипот ќе бидат меѓу првите што ќе умрат, пренесува „Натурал њуз“.