Во случај на трета светска војна од нуклеарен напад, за првите три недели загинаа околу 500 милиони луѓе, пренесува Спутник.
Специјалистот за визуелизација на податоци Нил Халоран, објави видео кое го направи, а на кое е проценет бројот на жртви од нуклеарна војна.
Со графиката се покажува годишната промена на популација на светот. На видеото исто така се гледа вкупниот број на смртни случаи, секоја година во текот на 20 век, вклучувајќи го и „врвот“ на смртност во текот на двете светски војни.
Авторот го екстраполираше бројот на жртви од атомска бомба фрлени на Хирошима и Нагасаки, како и бројот и капацитетот на нуклеарни боеви глави кои би ги погодиле целите во САД, Европа, Русија и другите земји во случај на трета светска војна.
Халоран проценува дека во првите три недели по нуклеарните напади загинати се околу 500 милиони луѓе.
Конечниот број на жртви не е можно да се одреди поради непредвидливите влијание од нуклеарната зима, која би настанала по војната.
Погледнете го видеото: