Сојузниот жалбен суд во Сан Франциско ги поддржал групите на поранешни робови кои го обвинија прехрамбениот гингант „Нестле“ дека поттикнува робство на фармите со какао, на Брегот на Слоновата Коска.
Во тужбата се опишани работниците како робови кои биле киднапирани и присилени да работат на фарми со какоа и по 14 часа дневно без плата.
Судот едногласно се произнел дека групата може да продолжи со своите тврдења за наводните злоупотреби кои се случиле во странство.
„Се на се, тужбите за прекуокеанска робовска работа се подигнати во седиштето на компанијата во САД“, објавил судот.
Според судот, компаниите биле свесни дека детскиот робовски труд настанал на нивните фарми во Брегот на Слоновата коска и имале економска потпора која им дала контрола над производството на какао во земјата.
Судот навел дека за време на направената анализа на случаите, било утврдено дека биле веродостојни наводите на поранешните робови.
По подигнувањето на тужбата, американската компанија „Нестле“, изјавила дека присилната работа на децата е неприфатлива.
„Имаме експлицитна политика против ропството и соработуваме со други заинтересирани страни во борбата против овој глобален општествен проблем“, изјавиле од компанијата.
Во 2016 година, најголемиот светски произведувач на храна „Нестле“ ја признал можноста за искористување на робовска работна сила во својот ланец на снабдување. Компанијата исто така ја открила присилната работа во ланецот на снабдување со морски плодови во Тајланд.
Мултинационалната компанија „Нестле“ е една од најбојкотираните компании во светот затоа што ги крши работничките права во различни земји.