Компјутерски модел покажа дека ураганот Ирма ќе го уништи Њујорк!

Според прикажаните симулации, сите пет четвртини во Њујорк и повеќето подрачја во Њу Џерси би можеле целосно да бидат уништени од страна на историскиот ураган Ирма.

До 12 часот на 10 септември компјутерските модели покажуваат дека силата и патот на ураганот Ирма се движи точно кон градот Њујорк. Државниот хидрометеоролошки завод и Националниот центар за урагани користат суперкомпјуери за да ги предвиват патувањата на ураганот врз основа на стотина и илјадници временски податоци. Системот што тие го користат се нарекува Глобален систем на прогноза (GFS), извести Halturnerradioshow.com.

Во 14 часот во петокот на 1 септември GFS-моделот конечно изработи своја проекција на патот на ураганот Ирма за наредните 12 дена. Овој модел го покажува крајниот застрашувачки пат на ураганот Ирма, кој ќе помине покрај целиот источен брег и ќе стигне до Њујорк како ураган од петта категорија, со брзина на ветерот од 250 километри на час.

Не треба да бидете метеоролошки експерт за да ја сфатите сериозноста на тие модели. Сите знаеме дека моделите може да бидат погрешни. Понекогаш дури и премногу погрешни.

Но, ако овој модел е во право, тогаш подобро луѓето од Њу Џерси и Њујорк да се подготват за евакуација во наредните 2-3 дена.

Прашањето е која зграда може да издржи ветрови посилни од 250 километри час.  Замислете како би се однесувале облакодерите во Њујорк под такви оптоварувачки ветришта. Претпоставувам дека некои од нив би можеле да пукнат и да се срушат. Дури и на зградите што не се директно на удар повеќето прозорци ќе им бидат скршени.

Можете ли да замислите налети на скршено стакло при брзина на ветришта од 250 километри на час?

Во својата историја ниту една ваква бура никогаш не го погодила Њу Џерси или Њујорк. Тоа би било катастрофално. Се чини дека не би останало ништо!

Мора да нагласиме дека компјутерските модели се токму тоа: модели. Тие може да бидат точни, но и погрешни.

Но, со оглед на специфичнота на оваа прогноза владите би требало да им соопштат на сите во Њу Џерси и Њујорк дека треба постојано секој ден да ги следат состојбите со оваа бура, буквално цело време. Ако ви се чини да забележите нешто слично како во видеото со моделот подолу, подгответе се за евакуација од најмалку 150 километри западно од Њу Џерси.

Никој не би можел да преживее ваков тип бура.

Гледајте го GFS-моделот што го издаде Државниот хидрометеоролошки завод во 14 часот во петокот на 1 септември 2017 година.

Scroll to Top