Имињата на неколку педофили кои работат во Холивуд наскоро ќе бидат откриени, изјави поранешниот актер и пејач Кори Фелдман во емисијата „Денешно шоу“ на Мет Лауер во понеделникот.
„Се колнам дека ќе го објавам името на секој педофил за кој имам сознание, точка!“, изјави тој.
Во интервјуто со водителот Мет Лауер, Фелдман тврдел дека веќе споделил неколку имиња на полицијата во Калифорнија во 1993 година, додавајќи дека бил предмет на закани со смрт поради неговата желба да излезе во јавност со податоци за високото ниво на педофилија во Холивуд.
„Како да се надмине она што Вие денеска го зборувате за Холивуд“, беше прашан Фелдман.
„Верувам дека сега постои многу мрак и темнина во Холивуд и верувам дека веќе подолг период ваквата темнина се развива сè повеќе. Впрочем, тоа го покажува примерот со Харви Вејстин, еден од најмоќните луѓе во Холивуд. Нови обвинувања излегуваат на виделина речиси секој ден. Баш пред некој ден во јавноста излезе новото име на педофил. Станува збор за Кевин Спејси, кој беше именуван и обвинет од страна на еден негов помлад колега за полов напад во минатото“, изјави Фелдман.
„Тоа ќе продолжи да се распаѓа. Ова е само почеток. Тоа e врв на ледениот брег. Значи сè што сега гледате како полека се топи, на крајот ќе пукне како речна брана“.
Видете го целото интервју со Кори Фелдман: