дравствениот научник и советник во кинеската влада, Зонг Наншан, вели дека коронавирусот е подметнат во градот Вухан и дека тамошните власти ги криеле бројките на заразени во моментите кога изби епидемијата.
Тој вели дека локалните власти во Вухан, градот од каде почна пандемијата, ги заташкале клучните детали во обемот на почетната зараза.
Тој вели дека на 18. јануари го посетил Вухан и тогаш од лекари и поранешни студенти, му објасниле дека ситуацијата е многу полоша од таквата каква што се прикажува. Тој тврди дека вирусот е подметнат.
Зонг се посомневал во властите во Вухан не ја говорат вистината, затоа што официјалниот број на новозаболени во тој град, изнесувал 41, дури десет дена по ред.
„Не верував во тие бројки и барав да ми се дадат реалните бројки“, изјавил Наншан.
Иако признава дека Вухан на почетокот ги прикривал вистинските бројки, Наншан отфрла дека прикривањето продолжило и откако централните кинески власти ги превземале работите во свои раце.
Од 23. јануари, сите податоци беа веродостојни“, вели тој.
Наншан се осврнал и на тврдењата дека вирусот е создаден во лабораторија. Тој вели дека за тоа повеќе пати ја прашала Ши Зенгли, водечкиот вирусолог од Институтот за вирусологија во Вухан, која му кажала дека опремата која во моментов ја имаат и експертите кои им биле на располагање, не можеле да го создадат вирусот.
Кина забележала 7 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, но здравствените експерти предупредуваат дека опасноста од втор бран на заразата на „Ковид-19“ и понатаму е голема.
Ситуацијата особено се следи во градот Јилин, каде се воведени засилени мерки, па така само една личност од домаќинството, му е дозволено во текот на денот да излезе надвор. Јилин е вториот најголем град во истоимената покраина, која се граничи со Северна Кореја и Русија.
Покраината привремено во средата ги суспендираше сите патнички возови. На граѓаните им е препорачано да не го напуштаат градот, а секој кој е прислиен на такво нешто, од некоја причина, ќе мора да покаже негативен тест, објавен во последните 48 часа.
Здравствениот советник во кинеската влада Зонг Наншан, вели дека, опасноста од втор бран од заразата на коронавирусот и понатаму е голема.
„Повеќето Кинези од овој момент и понатаму се чувствителни на можноста од зараза со „Ковид-19“, поради недостиг на имунитет. Соочени сме со голем предизвик. Мислам дека овој момент, ситуацијата не е ништо подора во странските земји“, предупредил Зонг.