Епидемијата на коронавирусот, можеби ја парализираше кинеската економија, но истовремено имаше позитивно влијание на околината. По појавата на опасниот вирус, во земјата, во последните две недели, емисијата на јаглерод-диоксид е намалена за 100 милиони кубни тони.
Тоа е речиси шест проценти од глобалната емисија во однос на истиот период минатата година, е објавено во студијата на финскиот Центар за истражување на енергија и чист воздух (CREA).
Многу теоретичари на заговор сметаат дека на опасниот вирус можеби бил намерно ослободен во просторот меѓу луѓето, се со цел да се намали емитувањето на штетните честички во воздухот.
Брзото ширење на новиот коронавирус, кој во Кина усмрти повеќе од 2000 и зарази најмалку 74.000 луѓе, резултираше со пад на побарувачката на јаглен и нафта, то резултираше со пад на емисијата на јаглерод-диоксид, покажале резултатите од истражувањето.
Во изминатите две недели, дневното производство на електрична енергија во електраните за јаглен, е драстично намалено во споредба со истиот период минатата година. Исто е и со производството на челик.
Кина е најголемиот светски увозник и потрошувач на нафта, но нејзиното производство во рафинериите во покраината Шандонг, е паднато на најниско ниво од есента 2015 година. Економската активност во Кина, обично се зголемува по празниците за време на кинеската Нова година, која годинава почна на 25 јануари.
Властите оваа година, во голем број делови во земјата, празниците ги продолжија за недела дена, настојувајќи да ја спречат епидемијата. Мерките на сузбивање на ширње на коронавирусот резултирале со намалување на производството од 15 до 40%, во клучните индустриски сектори.
„На овој начин веројатно во последните две недели, за четвртина или повеќе се намалени емисиите на CO2. Тоа е период во кој, во вообичаени околности, луѓето би продолжиле со економските активности и по кинеските новогодишни празници“, вели Ли Шуо, советник за политика на кинескиот „Гринпис“.
Сепак, еколозите предупредуваат дека намалувањето е привремено.
„Откако коронавирусот ќе се смири, многу е веројатно дека ќе се соочиме со позасилено производство кое ќе ја компензира загубата“, објаснил Шуо.