Борбата против коронавирусот во Италија има ужасни последици по сè поголемиот број на граѓани, кои по месец дена во карантин, остануваат без пари и немаат со што да ги прехранат своите семејства.
Повеќето граѓани не работат и не примаат плата, а помошта од државата сеуште не им е стигната, а заштедите се потрошени. На Апенините, „Ковид-19“ усмрти повеќе од 18.000 луѓе, а најлошо помина северниот дел од земјата. Меѓу најтешко погодените е градот Терни во Умбрија.
Дописникот на „Би-Би-Си“, Џин Какензи, разговарал со некој од тамошните жители.
„Во овој момент не постои начин како да заработам пари. Никогаш претходно не сме живееле вака. Целосно ни се има променето животот“, вели Стефано, агент за недвижности кој е во педесетите години од животот.
„Сакам да имам иднина за себе и моето семејство, но не знам каков свет ќе им оставиме на нашите деца“, вели тој.
Средовечна жена од балконот дофрлува дека децата и се гладни. Вели дека се дават во станот.
„Работев како чистачка кај неколку семејства, но таа работа повеќе не постои. Сега сум без работа и без примања. Кога сте родител, се однесувате како дивите животни, размислувате за тоа да ставите храна на масата. Очајна сум. Владата вети помош, но децата мораат да јадат секој ден“, вели таа.
Помош за гладните
Италијанецот Тито и неговиот пријател Доменико им носат храна на оние на кои им е потребна, а покренале иницијатива и им порачале на сите оние кои имаат вишок храна да ја остават за помош на своите гладни сограѓани.
„Ме повика една приајтелка и во солзи ми кажа дека ја потрошила целата заштеда. Дека сега има само 2,5 евра во џебот. По разговорот одлучив да ѝ купам намирници. Само вака, помагајќи си еден на друг, можеме да опстанеме“, вели Тито.
Обединетите нации објавиле алармантен извештај во кој е наведено дека коронавирусот првпат во последните 30 години ќе доведе до зголемување на сиромаштијата на глобално ниво. Таа ќе ги погоди меѓу 400 и 600 милиони луѓе. Извештаите на експертите од Кралскиот колеџ во Лондон и Националниот универзитет во Австралија е објавен во пресрет на клучниот состанок на челниците на Светска банка, ММФ и министрите на земјите членки на Г20.
Економската криза е полоша од здравствената
Економската криза има потенцијал да биде уште полоша од здравствената криза која ја предизвика пандемијата. Последиците од пандемијата претставуваат голем предизвик. Многу важно е земијте во развој да воспостават социјална безбедносна мрежа“, изјавил професорот Енди Самер од Кралскиот колец во Лондон.
Кинескиот претседател Си Џинпинг ја предупреди јавноста за реалната опасност од вториот брак на коронаирусот, само еден ден откако заврши 76 дневниот тотален карантин кој важеше во Вухан, градот од каде почна епидемијата на смртоносниот вирус кој се рашири низ целиот свет.
„Иако значително се намали притисокот на глобалната економија, не смееме да се опуштиме затоа што има многу непознати фактори. Локалните власти мораат внимателно да ги следат увозните нови случаи на заболени од коронавирусот од странство, за да го спречат вториот бран“, изјавил тој.