Коронавирусот повторно ќе се појави кога ќе заврши летото, велат експертите за заразни болести, но истовремено велат дека не знаат колку е сериозна ситуацијата.
Светската здравствена организација СЗО, понуди мрачна хипотеза за тоа како во наредните неколку месеци, коронавирусот би можел да изгледа.
Додека сеуште живееме во време на првиот бран на пандемијата, а случаите и понатаму растат, инфекциите би можеле наеднаш и значително да скокнат било кога, пренесува „Си-Ен-Ен“, пишува српски Курир.
„Можеби ќе дојде до втор бран на овој начин“, изјавил Мајк Рајан, извршниот директор на Светската здравствена организација во понеделникот.
Новиот пик на заразата би значел нагол раст на случаите со заболени од коронавирус, кои би можеле повторно да ги преоптеретат здравствените системи и евентуално да предизвикаат поголем број на смртни случаи.
Вториот бран би можел да биде полош и од првиот, а дали на есен ќе дојде до пораст на случаите, зависи од тоа што сега правиме. Во сценариото на вториот бран, случаите со коронавирусот би се појавиле остро и брзо, сè додека не достигнат нов максимум, веројатно по периодот во кој стапката на инфекција би била прилично стабилна.
Во вториот бран, инфекциите можат постепено да се развиват и да погодат различни региони во светот во различно време. За време на вториот пик, од коронавирус би можеле да се заразат многу поголем број луѓе во исто време, за време на сезоната од грип, што би довеле до голем притисок на здравствените системи, наведува „Си-Ен-Ен“.