Кралското семејство ја прислушува полусестрата на Меган Маркл?

Саманта Грант Маркл, полусестрата на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, повторно се најде во центарот на вниманието кај медиумите кога јавно изјави дека била прислушувана.

Саманта на социјалните мрежи ја сподели загриженоста дека е следена од луѓе блиски до кралското семејство.

Тие седат во комбе во близина на нејзиниот дом и се обидуваат да го прислушуваат нејзиниот мобилен. Таа стравува дека истите тие луѓе и ја снимаат.

„Ако поставиле камери во мојата куќа, ќе им ја покажам задницата“, напишала Саманта, која не крие дека стравува за својот живот.

Сестрата на Меган е честа тема на новинарите поради зачестените напади упатени кон војвотката. Откако Меган се омажи за принцот Хари, нејзиното семејство не сака да ја остави на мир.

Татко ѝ Томас (73) редовно дава изјави во медиумите. Од мај се изредија голем број скандали поврзани за семејството Маркл.

Саманта неодамна го прозва принцот Хари и го нарече слаб затоа што ѝ дозволил на Меган да ги оддалечи сите блиски луѓе од својот живот.

„Дијана би се срамела да го види ова. Стани машко и прекини да го носиш нејзиниот накит, а на Меган да ѝ забраниш да носи панталони“, напишала Саманта во еден од своите многубројни постови, каде што плука на својата полусестра и нејзиниот избраник.

 

 

Scroll to Top