Лајковите на „Фејсбук“ не го подобруваат расположението, а поттикнуваат депресија

Истражувачкиот тим од Универзитетот за компјутерски науки „Мекил“, по направеното истражување, открил дека паметните телефони денес не се лек за победа на депресијата кај младите.

Напротив, колку повеќе младите минуваат на паметните телефони или се активни на социјалните мрежи, толку повеќе депресијата се зголемува кај нив. Денес, нема дете, тинејџер или млада личност што не е занесена во својот паметен телефон. Тие го поминуваат времето на телефоните речиси во текот на целиот ден, без разлика дали се наоѓаат во училиште или дома, покажува истражувањето.

Денешните деца не може да уживаат во природните активности на вообичаен начин како порано. Тие мора да пишуваат на мобилните за своите активности во истиот момент додека се случуваат. Непрекинато се фотографираат и сликите ги објавуваат на социјалните мрежи, а потоа ги читаат реакциите. Проверуваат повеќепати да видат дали некои луѓе им ги лајкнале или на некој начин реагирале на нивните објави.

Анкетите и истражувањата говорат дека ваквите активности воопшто не придонесуваат за доброто и подигнување на нивото на среќа кај младите, туку, напротив. Добивањето лајкови на „Фејсбук“, дури не го подобрува расположението кај луѓето кога се депресивни или осамени.

Денеска игрите од минатото, како што се Рубиковата коцка, Пакман или My Space, наидуваат на потсмев и чудење кај младите, без разлика на тоа што им кажувате дека може и на тој начин да се забавуваат. Доколку им кажете дека на тој начин мож еда стекнат и нови пријатели, можно е никогаш повеќе да не разговараат со вас.

Во новиот социјален свет владеат лажните вести, лажните пријатели и страшното шпионирање од страна на американската влада.

„Фејсбук“ е хир за лажни пријатели, а новата студија, која е претставена на конференција на едно британското психолошко друштво на 3 мај во 2017 година, открива дека лајковите на социјалните мрежи се бескорисни.

Доктор Мартин Граф од Универзитетот на Јужен Велс регрутирал над 300 учесници од „Твитер“ и „Фејсбук“ кои пополниле прашалници за тоа како и колку луѓето се чувствуваат ценети на социјалните мрежи.

„Дали вниманието што го добивате на социјалните мрежи може да влијае на вашето лошо расположение? Дали навистина сметате дека некој е популарен врз основа на бројот на лајкови што ги добива? Ја менувате ли често профилната слика затоа што на неа не сте добиле премногу лајкови?“, биле дел од прашањата.

Одговорите биле шокирачки. Учесниците изјавиле дека луѓето што се стремат кон тоа да добијат што повеќе лајкови, па дури и плаќаат за нив, се оние на кои не можете да се потпрете во животот или тие се соочуваат со ниска самопочит. Волонтерите исто така изјавиле дека добивањето многу лајкови не може да ве излекува од депресијата.

Истражувачкиот тим од Универзитетот за компјутерски науки „Мекил“ објави истражувачки труд, кој буквално покажува како некој може да создаде лажни лајкови на „Фејсбук“, без да плаќа за нив. „Фејсбук“ е предупреден за тоа пред неколку години, но проблемот и понатаму останал нерешен.

 

 

Scroll to Top