Ледениот брег А23, кој е поголем од Лондон и пет пати потежок од Монт Еверест, се насука на островот Јужна Џорџија во јужниот дел на Атлантскиот Океан, кој е прекуморска територија на Велика Британија, објави денеска Sky News.
Ледениот брег удри на островот Јужна Џорџија со брзина од еден километар на час, а постои страв дека присуството на големата санта мраз ќе ги спречи пингвините и другите животни на островот да добијат храна.
Сè уште се проценува каков ќе биде ударот на сантата мраз, која е со дијаметар од 64 километри и околу пет пати потежок од Монт Еверест, кога ќе почне да се топи.
Присуството на толку голема санта мраз веќе ги попречува бродовите што пловат низ областа, пренесува Танјуг.