Лукашенко: Изборите во САД се срамота и исмејување со демократијата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги нарече претседатеските избори во САД, срамни и дека претставуваат потсмевање со демократијата.

„Погледнете што се случува со овие избори. Ова е срамота, поигрување со демократијата“, изјавил Лукашенко.

Претседателот потсети дека западните земји не ги признаа претседателските избори во Белорусија како слободни и чесни и повикваа на повторно гласање, а сега истите тие, партнерите и сојузниците на САД, нема да изнесат слични барања за Америка.

Лукашенко вели дека западните европски земји ќе молчат и покрај фактот што актуелниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп, се сомнева дека приврзаниците на противкандидатот Џо Бајден, лажно ги пребројувал гласовите.

„Сега можам да кажам дека тие ќе се плашат, за да ги повторат изборите“, изјавил Лукашенко за можноста, повторно да се направат избори во САД.

Лукашенко не верува дека односите меѓу Минск и Вашингтон ќе се променат, без разлика на исходот на претседателските избори во САД.

 

 

Scroll to Top