Мајк Тајсон: Хилари Клинтон е најплоден американски сериски убиец

Хилари Клинтон е дел од семејство криминалци кои оставија трага од десeтици мртви тела во својата крволочна потрага по моќ, вели Мајк Тајсон, кој пред публиката во Лас Вегас истакна дека „Хилари Клинтон е најплодниот американски сериски убиец“.

„Семејството Мансон е невино во споредба со семејството Клинтон“, изјави Тајсон.

„Тед Банди? Џон Вејн? Ве молам… тоа се детски играчки“, изјави Тајсон истакнувајќи дека семејството Мансон убило само четири лица, додека Тед Банди и Џон Вејн убиле 35 и 33 луѓе.

Според 51-годишниот поранешен шампион во тешка категорија, кој се загрева за следниот дел од неговата турнеја, под името „Неоткриената вистина 2“, и приреди мало шоу во Лас Вегас, оваа смрт е ништо во однос на бројот на жртви на Хилари Клинтон.

„Таа го убила својот добар пријател господин Винс Фостер. Таа намерно ги пуштила амбасадорот Крис Стивенс и уште тројца Американци да умрат во Бенгази. Знаете ли колку од нејзините лични телохранители заминаа во прерана смрт? Дванаесет. Дванаесет млади момчиња во непосредна близина на Клинтон прерано ги завршија своите животи. Оваа информација веќе е пуштена во јавност. Можете да го видите тоа самите. Сите овие телохранители се мртви и тоа може да биде сè само не трагична случајност. Јас не знам за вас, но не би сакал да бидам на нејзината листа на соработници“, изјави Тајсон пред да ја советува публиката да го прогугла насловот „Чудна смрт околу Клинтонови“ („Strange deaths surrounding Clintons“)

„Луѓето по сто години ќе се свртат и ќе се почешаат по главите говорејќи ‘Уф, навистина луѓе? Навистина? Не можевте да го видите тоа што ви е пред очите?’ Колку сведоци треба да извршат самоубиство со два куршума во тилот пред да просведочат против Клинтон и пред да сфатиме и да кажеме дека нешто тука смрди?“

Обвинувајќи ја Хилари Клинтон дека лесно минува со убиствата, Тајсон изјави:

„Тажно, но вистинската работа е дека никогаш нема да добиете правда за неа. Ние никогаш нема да видиме дека правдата е задоволена. Таа е над законот во оваа земја“.

Иако поранешниот боксерски првак во тешка категодија во голема мера се обидува да се oддалечи од политиката, неговите забелешки кон Хилари Клинтон не се пуштени во јавност за првпат.

Во октомври 2015 година Тајсон стана една од првите славни личности кои почнаа да навиваат за Доналд Трамп како претседател.

Железниот Мајк во моментов има настапи во „Оne man live show“ во Лас Вегас, на кој го најавува својот материјал за скорешното продолжение на турнејата „Неоткриената вистина 2“.

 

Scroll to Top