Основачот на „Фејсбук“ ангажирал цел тим политички советници и предлoжил Американците да воспостават социјализам на сметка на милијардерите.
Американските медиуми веќе навестуваат дека зад ваквата намера на Марк Цукенберг е планот да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави.
Некои веќе предвидуваат дека има добри шанси да влезе во Белата куќа.
Други се убедени дека тоа ќе биде катастрофа за доларот и идејата за национална држава.
Основачот на „Фејсбук“ во текот на 2017 година повлекол неколку политички потези кои биле сосема атипични за него.
Претходно годинава тој најавил дека ќе посети 30 сојузни држави во САД. Потоа акцентот го ставил на сиромашните и деиндустријализираниот дел од земјата во кој Доналд Трамп бил поразен во 2016 година.
Во мај на Харвард одржал говор кој бил фокусиран на тоа „како да ја преуредиме Америка“.
Летово заедно со сопругата ангажирал тим на политички консултанти, меѓу кои и Дејвид Плуф, кој бил еден од организаторите на претседателската кампања на Барак Обама, Џоел Бененсон, кој бил задолжен за стратегијата на Хилари Клинтон, и Кенет Мелман, кој ја раководел втората изборна кампања на Џорџ Буш Јуниор.
На турнејата низ „30 држави“ го следел Чарлс Омани, службен фотограф на претседателската кампања на Барак Обама и Буш Помладиот.
Во сите настапи толку нагласено ја споменува сопругата и ќерката што сите се прашувале дали тоа претставува фаќање залет за претседателските избори кои ќе се одржат во 2020 година.
Цукенберг упорно тврди дека засега политиката и изборите не го интересираат, но повеќето Американци сметаат дека токму тој ќе му биде главен конкурент на Доналд Трамп.