Меган била убедена дека кралското семејство спрема заговор против неа

Поранешната војвотка Меган Маркл била убедена дека во кралското семејство се правел заговор против неа и тоа била причината зошто го натерала Хари да си заминат и да почнат свој живот, открива нејзина блиска пријателка.

Таа вели дека Меган уште откако се венчала со Хари се чувствувала како аутсајдер меѓу припадниците на кралското семејство и затоа сакала да почне живот надвор од палатата.

„Беше убедена дека постои заговор против неа во кралскиот двор. Веднаш откако се пресели во палатата, самата се одлучи да се изолира од сите нив. Тоа не беше животот на кој Меган беше навикната. Таа не беше сигурна дали сака да живее таков кралски живот“, вели нејзината пријателка.

Таа додава дека многу од нејзините пријатели биле загрижени за неа, затоа што по венчавката со Хари имала многу кралски должности.

 

 

 

Scroll to Top