Меланија Трамп користи двојничка во јавност

Првата дама на Соединетите Американски Држави и сопруга на претседателот Доналд Трамп, Меланија, наводно користи двојничка што ја менува во јавноста.

За време на патувањето со сопругот во Охајо најмногу внимание во јавноста привлекоа нејзината коса и облеката. Меланија се појави во бел фустан и палто во истата боја. Под него носеше црна кошула со бели точки. Носеше и очила за сонце.

„Бојата на косата ѝ е погрешна, како и патецот. Кошулата е погрешна, како и јаката на палтото. Дури недостигаше и логото на очилата. Дефинитивно, не е таа“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи под објавените фотографии на Меланија.

Освен тоа, фановите забележаа дека двојничката на Меланија е подебела од оригиналната десетина килограми. Клучната разлика е во нејзиното лице. Лицето на лажната Меланија е многу потркалезно за разлика од оригиналната Меланија. Двојникот исто така имала многу поживо ракување за разлика од вистинската Меланија.

„Мојата сопруга Меланија, која во овој момент е покрај мене…“, го почнал говорот Доналд Трамп, а јавноста тоа го протолкувала како начин на кој претседателот на Америка се обидува да го скрие фактот дека сопругата не е со него.

Познато е дека голем број славни личности користат свои двојници, кои ги испраќаат на јавни настани што им се од голема важност. Сепак, луѓето, поради лажната Меланија, почнаа да зборуваат дека ова е крајот на бракот на претседателот и неговата сопруга. Во јавноста се зборува дека Меланија повеќе не сака да биде во близина на својот сопруг.

Доналд Трамп пред да биде со Меланија беше во брак со поранешната манекенка Ивана Трамп и актерката Марла Мејплс.

 

Scroll to Top