Ваквото месо наскоро пристигнува во Европа, ќе приметите!
Неодамнешната полемика во Велика Британија за можноста, да американските пилиња на крајот стигнат во британските супермаркети, по Брекзит, ги расветли страшните услови со кои се соочуваат овие животни, и тоа толку е одвратно што дури и повеќето страствени љубители на месо, засекогаш ќе преминат во вегетаријанството.
Затоа идејата за таквите пилиња да се продаваат во Велика Британија, предизвика жестока расправа во кабинетот на британската влада?
Фактот дека пилињата се мијат во хлор, е само дел од проблемот. Причината зошто таквите невкусни мерки се потребни, во прв ред се:
Неадекватните услови во кои пилињата се одгледуваат.
Америка нема минимални услови за одгледување на живината, кога е во прашање одгледување на кокошките, ниту има правила во врска со нивото на осветлување или најголемо допуштање на ниво на амонијак кој доаѓа од фекалните материи и урината.
Велика Британија и Европа имаат закони кои управуваат со такви работи, додека неограничените количини на отпад се фрлаат на американските фарми. Тоа објаснува, зошто 97% од американската живина, мора да се исчисти со хлор, по колењето.
Секретарот за заштита на околината во Велика Британија Михаел Гов, говореше против трговскиот договор со кој увезувањето на американските пилиња во Велика Британија и продажбата низ трговските центри во дел од земјата, откако секретарот за трговија Лиам Фокс, изјави дека ќе го разлгледа укинувањето на забраната на увоз на американските пилиња во ЕУ, нешто кое стои на патот на трговскиот договор со Америка по Брегзит.
Земјоделците ги откриваат стравовите од индустријата со пилешкото.
Американската индустрија за живина во голема мера е под контрола на големите земјоделски компании, додека некои храбри одгледувачи на живина, одлучиле да ги разоткријат некои од застрашувачките факти за животот на тие јадни животни.
Еден земјоделец од Северна Каролина вели дека токму поради типот на храната која им се дава на живината, тие имаат повеќе месо на прстите, претешки се и можат да станат, па принудени се целиот живот да го минат клечејќи.
Тој ги споредува со „зрно грашок кое виси на две чечкалици“. Оваа ги донесува во положба да несат 95% од времето.
Инфекциите од долната страна на прстите од контактот со валканото легло, се зачестени, и околу 1000 до 30.000 кокошки, кои се одгледуваат на секои шест недели – умираат пред да стигнат до зрелоста.
Тој вели: „Нивното месо ќе истрне, а кога ќе ги сместите во така тесен простор, тие ќе газат едни преку други, само за да дојдат до храна, и на тој начин си предизвикуваат повреди самите на себе си. Тоа е страшно“.
Тој бил до толку згрозен од индустриската пракса, што и самиот ја напуштил работата од одгледувањето на живината во целост.
Големата Агроиндустрија ја наградува ефикасноста и запоставувањето на благосостојбата на животните.
Еден голем проблем е начинот на кој американскиот систем е структуиран, а особено самото тоа што земјоделците кои одгледуваат живина во Америка, имаат договор со големите претприемачи, кои ги снабдуваат со кокошки, заедно со храна и опрема.
Фармерите, преку систем на турнири, се натпреваруваат во тоа кој може да произведе најмногу месо со помош на најмалку храна. Тој што ќе успее во тоа, е награден за својата ефикасност, а оние кои нема да постигнат такви резултати им се одбива од нивните основни плати. Овој систем во основа ги наградува фармерите кои ги надминуваат пречките кога станува збор за заштита на животните.
Американското пилешко чини 20 проценти помалку од британското, а големите произведувачи ги одгледуваат на тој начин, што на крајот создаваат „мутанти“ кокошки, кои можат да пораснат поголеми за многу пократко време.
Всушност, кокошките кои се одгледуваат поради месото, спаѓаат во генетски модифицирани животни, кои се присилени на раст по стапка, која е 65 пати побрза, од нивната нормална стапка на раст.
Овој „Франкпилешки“, раст е толку брз, што тие едноставно не можат да се движат, а ги минуваат своите животи седејќи во своите фекалии, пред да бидат заклани.
И за разлика од Велика Британија и Европа, во Америка не постојат закони кои велат дека кокошките мораат да бидат „опиени“ во бесознание пред да бидат заколени. Во оваа земја само минатата година 9 милијарди птици се заклани.
Лесно е да се заклучи зошто министрите на Велика Британија се толку огорчени од идејдата за продажба на пилињата во нивните трговски центри, и тука се поставува прашањето: Зошто тоа воопшто го дозволува Америка?