Шпекулациите за ситуацијата со Ким Џонг Ун продолжуваат и по извештајот од операцијата на срцето и отсуството од важни случувања. Овој пат, шпекулациите ја загреаа ситуацијата дека Кина испратила тим во Северна Кореја, вклучувајќи медицински експерти, да го прегледаат Ким Џонг Ун, информирале извори блиски до британски „Гардијан“.
Патувањето на кинеските лекари и официјалното доаѓаат среде извештајот од операцијата за задравјето на севернокорејската влада. Не беше веднаш јасно што сигнализира патувањето на кинескиот тим. Делегација предводена од високи членови на одделението за меѓународни односи на Комунистичката партија на Кина отпатувала во четвртокот за Северна Кореја, пишува „Ројтерс“.
До таму е сомнителна здравствената состојба на севернокорејскиот лидер допринел и извештајот на јапонскиот неделник „Шукан Гендаи“ во кој се наведува дека Ким моментално е во „вегетативна состојба“ по операцијата на срцето. Неделникот навел изјава од кинеско медицинско лице за кое се верува дека е испратен како дел од тимот за лечење на лидерот на Северна Кореја, со што одложувањето на операцијата на срцето довела до тешката здравствена состојба..
Во меѓувреме се појавија и наводи дека возот кој припаѓал на севернокорејскиот лидер е забележан овие недели во едно одмаралиште во еден град во земјата , покажале сателитските снимки на проектот за пратење на Северна Кореја со седиште во Вашингтон.
Мониторингот на проектот, 38 Север во својот извештај наведуваат дека возот бил паркран на станица во Вонсан на 21 и 23 април. Иако тие тврдат дека тоа најверојатно бил возот на Ким, не е потврдено дека тој бил во Вонсан.
Ким кој има 36 години и претходно исчезна односно некое време не се појавуваше во медиумите.
Шпекулациите за неговото здравје се поттикнуваат од фактот дека Ким е страствен пушач, со очигледно зголемување на телесната тежина од преземањето на власта, како и семејна историја на кардиоваскуларни проблеми. Кога таткото на Ким Јонг Ун, Ким Јонг Ил доживеа мозочен удар во 2008 година, јужнокорејските медиуми објавија во тоа време дека кинеските лекари биле вклучени во неговото лекување заедно со француски лекари.