Целата мистерија и сите полемики кои се водат околу Бермудскиот триаголник би можеле да добијат целосна разрешница warnecke.me. Ова место со векови го интригира човештвото поради необјаснивите исчзнувања на голем број на бродови и авиони. Познат е и под името „Триаголник на смртта“.
Местото се наоѓа меѓу Бермудите, Флорида и островот Порторико во Атланскиот океан. Записи за исчезнувањата на бродовите се водат уште од 15 век, а за сите нив карактеристично е тоа што остатоците и патниците никогаш не се пронајдени. Од тогаш многумина се прашуваат дали станува збор за мистериозни сили, паралелни светови, вонземјани или слично.
Сепак во денешно време се појавија нови теории дека зад исчезнувањата стојат напади и киднапирања, кои ги извршуваат добро истренирани пирати. Потоа бродовите ги изменуваат со цел да ги продадат. Тие не се во можност да ги продадат во оригинална состојба, поради регистрискиот број.
Првото исчезнувања е забележано во март 1918 година, кога исчезнал еден од најголемите бродови од тоа време USS Cyclops. На бродот му се губи секаква трага на патот од Барбадос кон Норфолк.
Најмистериозното исчезнување во Бермудскиот триаголник се случило во декември 1945 година, кога исчезнале пет најсовремени воени авиони TBM Avenger со 14 членови од екипажот. Мистеријата станала уште поголема откако само неколку часа подоцна, исчезнува и авионот кој бил испратен да трага по нив.
Во него имало 30 член екипаж. За сите нив се трагало две недели. Во потрагата биле активирани и авиони и бродови, но за жал безуспешно.
Во изминатите децении на ова подрачје исчезнале и авионот Star Tiger (1948 година), британскиот транспортер York (1952 година), цивилнот теретен авион (1966 година), два Стратотанкери (1963 година), танкерот Силвија Л. Оса (1976 година) и многу други.
На сите овие мистерии заедничко им е тоа што за време на исчезнувањето, времето било убаво и пилотите или капетаните никогаш не повикале помош. Сепак до ден денес, не се пронајдени никакви остатоци од нив.
Да се даде одговор на прашањето за мистеријата на Бермудскиот триаголник е тешко, но како што сметаат голем број на научници, ако се отфрлат сите теории за параномални појави, вонземјани и слично тогаш остануваат рационалните и логични размислувања. Многумина во денешно време сметаат дека зад исчезнувањата стојат добро обучени пирати.
Сепак постојат теоретичари кои ја негираат ваквата теорија, за која сметаат дека доколку е вистинита, сепак на крајот би требало да се појават некакви остатоци од луѓето или превозните средста.
Некако теориите дека зад овие исчезнувања стои некоја непозната работа која е составен дел од морската вода, звучи примамливо и рационално, но истите треба научно да бидат докажани, пишува сјатот. Една од теорите говори за природното испарување на плинови, како метанот, од подводните карпи, кои создаваат меури на површината, кои се толку големи и цврсти што можат да превртат и бродови пишува bermuda-attractions.
Тука секако треба да се напомене и делувањето на силните Голфските струи.