Мистериозна болест ги зафатила неколку патници на летот Air Transat 782 непосредно пред да полета од аеродромот во Квебек Сити во Канада.
Патниците се пожалиле на болки во стомакот, изнемоштеност, повраќање, вртоглавица и печење на очите. По пријавените 12 случаи, одговорните веднаш ги повикале пожарникарните служби, а сите патници во авионот биле евакуирани.
Авионот требало да лета за Форт Лодердел во американската држава Флорида, но поради новонастанатата ситуација истиот бил спречен да полета.
Firefighters evacuated the plane this morning. #canada https://t.co/jldcQbTkaD
— Narcity Canada (@NarcityCanada) January 24, 2019
Службите петте најсериозни случаи веднаш ги префрлиле во најблиската болница. Подоцна службите на аеродромот објавиле дека 12 патници се пожалиле на тегоби, од кои само петмина биле со посериозни симптоми.
Досега не е соопштено која е причината за предизвикување на оваа болест кај патниците.