Рускиот милијардер Дмитриј Босов е пронајден мртов во предградието на Москва, пишува „Спутник“. Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицијата вечерва примила повик дека е извршено самоубиство во селото Усово, во околината на Москва.
Според прелиминарните податоци, Босов починал во ноќта на 6. мај. Покрај неговото тело, најден е пиштол „Глок 19 Ген 4“. Богатството на Босов се проценува на 1,1 милијарда долари.
Босов во 2019 година првпат влезе на листата на „Форбс“, направена за најбогатите луѓе на светот. Тој се најде на неа заедно со уште 102 учесници од Русија.
Рускиот претприемач беше претседател на бордот на директори на компанијата „Алтек“. Клучното подрачје на неговото делување беа рудниците за јаглен.