Приказната за Џејмс Оливер, кој тврди дека патува низ времето и дека е заглавен во 2018 година, е необична сама по себе, но фактот дека минал низ детекторот за лаги ги оставила многумина шокирани.
Џејмс тврди дека е на мисија и дека дошол во 21 век од 6491 година. Проблемот е тоа што сега не може да се врати кај семејството и пријателите затоа што му е расипана машината за патување низ времето.
Иако се работи на филм од типот „Враќање во иднината“, се појави и доказ дека Џејмс можеби ја говори вистината.
Јутјуб-каналот, кој се занимава со паранормални појави ApexTV, го приклучил Џејмс на детектор за лаги на кој, како што се утврдило, ги минал сите прашања.
На снимката неговото лице е замаглено, а има специфичен акцент и малку шушка додека говори.
„Вашите години се поинакви од моите“, изјавил Џејмс за време на испрашувањето.
Во неговата приказна нејасно е тоа што не се знае дали живее на нашата планета или на некоја друга затоа што додал:
„Таму од каде што сум јас годините се подолги. Мојата планета е пооддалечена од Сонцето така што е потребно повеќе време за да направи круг. Но, имаме талентирани математичари што работат на пресметка на нашата година во однос на другите цивилизации“, објаснил Џејмс.
Но, Џејмс сепак е човек. Кога ја завршил приказната, зборот вистина се појавил на екранот, што докажува дека момчето не лаже.
Тој изјавил дека глобалното затоплување е сѐ полошо и дека нашата планета ќе стане сѐ потопла, така што не советува да ги прекинеме емитувањата на јаглероден диоксид. Исто така, изјавил дека сите луѓе во иднината имаат свој систем на вештачка интелигенција, кој се нарекува Сири и кој ги препознава своите корисници по гласот.
„Постојано сме во потрага за нови планети и галаксии. Повеќето од нив се неупотребливи. Но, понекогаш ќе освоите џекпот и на некоја од нив ќе пронајдете некаков интелигентен живот. Пронаоѓаме нови планети, нови екосистеми. На многу планети постои поинтелигентен живот од луѓето“, вели тој.
Планетите, како што тврди Џејмс, се под покровителство на организација, која личи на Обединетите нации, но сепак имаат некаков вид независна власт. Прашан дали имало конфликти меѓу вонземјаните и луѓето, тој одговорил:
„Уффф, не би смеел да кажам… да“, изјавило момчето мрморејќи.
Тој понатаму објаснил дека работи во вонземјанска истражувачка агенција, специјализиран за историја и култура на човечката раса. Запрашан дали ги сретнал вонземјаните, изјавил дека неколкупати бил во личен контакт со нив.
„Дефиницијата вонземјанин е нешто што е надвор од овој свет, така што технички во моментот зборувам со еден од нив“, изјавил тој.
Исто така, изјавил дека не би требало да брзаме со заклучоци за вонземјаните затоа што некои од нив се негови најдобри пријатели.
„Мојот најдобар пријател е од друга галаксија“.
Џејмс додава дека многу му недостиг на семејството и пријателите и дека не знае кога ќе биде спасен. Запрашан кој ќе биде следниот претседател на САД, одговорил дека тоа не би смеел да го каже.