„Монсанто“ планира да ја преземе индустријата со марихуана со помош на генетски инженеринг, кој ќе служи како оружје против независните доставувачи на канабис.
„Монсанто“ тоа ќе го направи на идентичен начин на кој ги истурка од бизнисот произведувачите на соја и пченка.
И покрај уверувањето на јавноста дека тие немаат намера да се прошируваат на индустријата со марихуана, „Монсанто“ со купувањето на трите најголеми компании за производство на канабис сугерира поинаку.
Можеби се сеќавате минатата година кога „Баер“, најголемата фармацевтска компанија на светот, направи договор за купување на компанијата „Монсанто“ за 66 милијарди долари. Иако „Монсанто“ е прогласена за најозлогласената компанија на светот во 2013 година, нејзиниот углед и понатаму продолжува да паѓа, но „Баер“ отиде еден чекор понапред со преземањето.
Спојувањето на овие две компании беше изненадување за многумина затоа што и двете компании имаа долга историја поврзана со нацизмот и хемиското оружје, како што е Agent Orange, кој направи масакр во војната во Виетнам.
Всушност, „Баер“ ја почна својата историја на пропаѓање со озлогласената компанија „ИГ Фарбен“, која произведувала хемиско оружје што се користело на Евреите во текот на нацистичкото владеење. По војната, „Фарбен“ била принудена да се подели во неколку компании, вклучувајќи ги и BASF, Hoeschast и Bayer.
Набргу по нирнбершкиот процес, 24 извршни директори од „ИГ Фарбен“ биле испратени во затвор поради злосторство против човештвото.
Но, во прашање беа само 7 години затвор, по што секој од нив бил ослободен и почнале да ги пополнуваат високите позиции во секоја од поранешните компании на „ИГ Фарбен“, а многумина од нив почнале да работат за руските, британските и за американските влади низ заеднички операции на тајните служби со име „Операција спојување“.
По сите овие години, „Баер“ сега е побогата и помоќна компанија отколку што била неговата претходна компанијата „ИГ Фарбен“.
Според магазинот Big Buds, „Монсанто“ и канадската компанија Miraxle-Gro имаат длабоко деловно партнерство и план за преземање на индустријата со канабисот.
Hawthorne, бизнис-правната група на Мiracle-Groa, веќе ги купи трите главни компании за производство на канабис: General Hidroponi, Botanicare и Gavita. Многу други компании исто така добиле понуда за преземање од страна на групата Hawhotrn.
Џим Хагедорн, претседателот на управата на Scotts Miracle-Gro, дури изјави дека планира да инвестира половина милијарда долари во преземање на бизнисот со марихуана.
Заклучок
Можно ли е „Баер“ и „Монсанто“ да создадат монопол со семенската марихуана на идентичен начин на кој создадоа монопол со пченката и сојата.
Со големата корпоративна моќ и спроведувањето на меѓународните патентирани права, овие корпорации би можеле да добијат целосна контрола над канабисот (како лек), како и за рекреативно користење на истиот модел со помош на кој тие ги контролираат прехранбените посеви.
Но, не е изгубена целата надеж. Сѐ уште постои шанса да се бориме против монополот „Баер-Монсанто“, со бојкот на генетските производи на компаниите кои дејствуваат со која било од нив двете.