Му се заканува ли затворање на сатиричниот весник „Шарли ебдо“?

Три години по нападот на „Шарли ебдо“, Лоран Рис Сурисо, главниот уредник на францускиот сатиричен неделник, изјави дека слободата на говорот станала луксузна стока и се пожалил на трошоците наменети за осигурување на зградата во која се наоѓа седиштето на весникот.

„Шарли ебдо“ беше цел на крвавиот напад на џихадистите на 7 јануари 2015 година кога двајца вооружени мажи убија 11 новинари во париското седиште на сатиричниот неделник.

Меѓу жртвите беа и колегите на Рис, Цабу, Волински, Тигноус, Хонор и шефот на редакцијата, Чарб. Рис бил само ранет во нападот.

„Три години во кутијата на конзерви“, пишува на една од насловните страници на списанието.

„Секоја недела треба да се продадат најмалку 15.000 примероци, што е речиси 800.000 примероци годишно, само за да се покрие осигурувањето на седиштето на Шарли ебдо“, пишува Рис во уредничката колумна со наслов: „Колку чини слободата на говорот“.

„Дали е нормално финансирањето на осигурувањето на седиштето на неделник, кој излегува во една демократска земја, да чини повеќе од 50 отсто од заработката? Кој друг финансиски медиум мора да инвестира толку пари за да им се овозможи темелна слобода, слобода на говор“, прашува Рис во колумната.

„Таа витална слобода, која не може да се одвои од нашата демократија, станува луксузен производ, како спортски автомобил или скапоцен камен, кој се продава низ трговските центри во Париз“, пишува Рис.

Во едно од списанијата има објавено текст за крвавите убиства, кој носи наслов: „Што е изменето во изминатите три години“ во потпис на новинарот Фабрис Николин.

Во Париз во текот на денот ќе се оддаде почит за жртвите со име: „’Шарли’ засекогаш“, а ќе се одржат и концерт и расправа.

На плоштадот Република ќе се одржи собир на повик на движењето за мир и против тероризмот.

 

 

 

Scroll to Top