Муслиманите не се 100 % луѓе

Мартин Стрид од партијата Анти-имиграциски шведски демократи (SD) во своето обраќање пред претставници на другите партии на национална конференција изјавил дека луѓето можат да се рангираат на скала од 1 до 100. „На еден крај на скалата имате лица кои се 100 проценти луѓе, и сè што е дел од тој концепт. На другиот крај имате 100 проценти мухамеданци“, изјави тој.

Другите членови се оградија од Стрид, кој сега се соочува со протерување од партијата.

Стрид продолжил: „Ако сте поранешен муслиман, би можеле да станете целосен човек“, истовремено наведувајќи дека сака да ги „ослободи муслиманите од исламот“.

Неговиот шокантен говор го забележа и шведскиот портал СВТ. Веднаш беше споделен на мрежата, а беше споделен и од страна на групата „Inte rasist men“ („Не сум расист, но“) чија мисија е да се „претстави неисцрпниот извор на хумор и ужас кој го промовираат шведските демократи.

Членовите на партијата СД се оградија од забелешките на Стрид, а партискиот секретар Ричард Јомсхофом ги карактеризира како „расистички“ и очекува Стрид да биде протеран од партијата СД.

Лидерот на партијата, Џими Акесон, ги поддржа ваквите критики на говорот на Стрид велејќи во интервју за SVT дека неговите коментари можеби се најлошите кои некогаш ги слушнал во таков контекст, и дека се многу блиску до расизам.

Од друга страна, Стрид се извини поради своите забелешки.

„Бев многу нерасположен и можеби се изразив несоодветно“, изјавил Стрид во интервју за агенцијата ТТ и дополни дека е свесен дека неговиот говор можел да се протолкува дека муслиманите не се 100 проценти луѓе.

„Го сфатив ова и многу сум несреќен. Познавам многу муслимани и имам многу пријатели. Се разбира, тоа се луѓе“, изјави тој.

 

 

Scroll to Top