На мексиканска мисица ѝ се закануваат 50 години затвор, киднапирала девојки и ги воведувала во проституција

На мексиканската мисица Лора Мохика Ромеро (25) ѝ се заканува затворска казна во висина од 50 години поради подведување девојки во проституција.

Таа е обвинета за вмешаност во организиран криминал, поточно во киднапирање девојки, за потоа да ги воведе во светот на проституцијата.

Таа е позната во Мексико како Мис Оахаке, титула која ја освоила во 2018 година, а учествувала и на националниот натпревар за Мис. Потоа се обидела да стне водителка, но се повлекла поради други обврски.

Лора, заедно со уште осум осомничени, е уапсена на 11. февруари во Веракруз и се товари за киднапирање и мачење девојки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura Mojica (@lauumojica)

Таа три години била дел од група криминалци. Како што пишуваат медиумите, таа служела како мамец за млади и убави девојки, на кои им нудела работа како манекенки и добра заработка, а всушност ги киднапирала и потоа ги проследувала во легла на проституција и црниот пазар.

Таа имала три стана во елитните делови на Веракруз и Оахаки. Во договор со криминалците, на девојките им нудела да преспијат во нејзините домови, а потоа во текот на ноќта ги дрогирала, додека другите не дојдат да ги земат.

Според пишувањата на мексиканските медиуми, Лора била мозокот на целата операција. Таа ги убедувала семејствата на жртвите дека манекенството е вистинската работа за нив. Во моментов Лора се наоѓа во затвор.

Scroll to Top