Голем број љубители на заговор шират теории за тоа дека на секои 100 години светот се соочува со ужасна епидемија која одземе голем број животи.
Европа првпат се соочила со слична епидемија како коронавирусот во 1720 година. Во францускиот град Марсеј се појавила „црната смрт“ – чума. Ова била последната голема епидемија на бубонската чума во Европа.
Од болеста настрадале околу 100.000 луѓе. 50.000 починале само за две години во самиот град Марсеј. Другите 50 илјади починале во северните провинции и градови. Се верува дека чумата ја донеле морнари кои претходно го посетиле Кипар, каде што инфекцијата беснеела.
Европа, сè уште незаздравена од оваа чума, по сто години се соочува со нова пандемија, колера. Таа избувнала во 1816 година во Бенгал, а до 1829 година се раширила низ цела Индија.
Чумата се раширила во сите населени континенти, при што само во Индија умреле над 10 милиони луѓе. Колерата се раширила сè до Кина, Индонезија, каде повеќе од 100.000 луѓе подлегнале на болеста само на островот Јава и Каспиското Море во Европа и Азија, по што се смирила.
Стотици илјади Индијци и десетици илјади британски трупи загинале за време на оваа пандемија.
И покрај постојаните болести и глад, населението на индискиот потконтинент, кое изнесувало околу 125 милиони во 1750 година, достигнало 389 милиони до 1941 година.
Сто години подоцна се појавила шпанската треска. Таа се појавила на крајот на Првата светска војна и се проширила низ целата земја во три бранови. Траела од 1918 до март 1920 година. Сепак, најголем број жртви се забележани во само неколку есенски месеци од 1918 година.
Најпознатата и најсмртносна епидемија е пандемичниот грип од 1918 година, Шпански пандемичен грип (грип – вирус А, поттип H1N1), кој траел од 1918 до 1919 година. Не се знае прецизниот број на смртни случаи, но се проценува дека имало од 20 до 100 милиони. Оваа пандемија е опишана како „најголем медицински холокауст во историјата”, кој, како и чуматa, однел милијарди човечки животи.
Огромниот број смртни случаи се должи на превисоката стапка на заразеност (над 50% ), како и на тешките симптоми за кои се верувало дека се предизвикани од цитокинезата. Всушност, симптомите од 1918 година биле толку необични што грипот порано бил дијагностициран како заразна тропска треска, колера или тифус.
Иако човечките цивилизации одамна биле свесни за болеста наречена грип или инфлуенца, пред 1918 година никој не претпоставувал дека ефектите од грипот може да бидат толку драматични.
Од инфлуенца настрадале околу 50 милиони луѓе, што значи дека однела пет пати повеќе животи од Првата светска војна.
„Се чини дека на секои 100 години избувнува некоја пандемија“, е коментар што често се повторува на социјалните мрежи.
На социјалните мрежи многумина коментираат и шират теории за заговори на светската елита и нивниот план за депопулација на светското население.
Од епидемијата на коронавирусот која потекна од Кина досега се заразени 126,518 лица, а 4.637 починаа од истата. Неои од нив стравуваат дека за 100 години може да ни се случи полоша епидемија од коронавирусот.