Дали некогаш сте се запрашале зошто елитата и нивните поданоци можат да се извлечат со убиство? ОН имаат многу популарен прирачник за такви работи.
Библиотеката на Обединетите народи предизвика вистинска медиумска бура, со објавувањето на информациите дека нејзината најчитана книга во 2015 година, била книгата за тоа како шефовите на државата и државните претставници можат да се извлечат со воени злочини.
Библиотеката „Dag Hamarskjold“, наречена по поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, кои починал во 1961 година, се обидела малку да го зголеми својот публицитет, со коментар за најчитаната книга на Твитер, но реакциите на социјалните мрежи биле незгодни, пренесува „Russia Today“.
Најчитаната книга под името „Имунитетот на шефовите на државите и државните претставници за воени злочини“, всушност е докторска теза на Рамоне Педрети на Универзитетот во Лузерн, во кој се разгледувало прашањето дали шефовите на државите можат да бидат обвинети за воени злочини пред странските судови.
Нејзиниот заклучок е дека лидерите не можат да бидат процесуирани пред странските судови, додека на функција на шеф на државата или владата, да речеме биле Роберт Мигабеу или Башар ел Асад, кои во моментов не може да им судат американските судови.
Но, кога ќе си заминат од должност, правните институции на други држави, можат да ги обвинат.
Коментарите на социјалните мрежи биле и повеќе од незгодни.
Некои не можеле да веруваат што читаат, додека други изјавиле дека секако не е нешто со што треба да се фали човек. Имало и корисници кои потсетија на тоа што најмногу ги иритира граѓаните на Њујорк кај странските дипломати.
„Како тие дипломати и нивните шефови можат да бидат имуни од гонење поради злочините како неплаќање на казна за паркинг, или поради држење на сексуални робови?“, напиша еден од нив.
What was our most popular book of 2015? Find it in our library catalogue! https://t.co/hmfeCmGKCj (UN only) pic.twitter.com/niGXUxHtGt
— UN Library (@UNLibrary) December 31, 2015