За да ја заштитите кожата од УВ зраците, дерматолозите препорачуваат средства со заштитен фактор, носење очила за сонце и капа, како и намалено изложување на директно сонце. Но, и храната има дополнително важна улога во одржување на кожата од внатре.
На кои намирници треба да обрнете повеќе внимание во текот на летните месеци?
Храна богата со бета-каротен и ликопен
Каротен и ликопен се два моќни антиоксиданси кои ги има во изобилие во овошјето и зеленчукот, особено во она со портокалова, црвена или розова боја. Така, добро е да јадете лубеница, морков, црвени и жолти пиперки, домати и слично.
Вода
Хидратацијата е клучна за одржување здрава кожа, особено во летните месеци. Едноставен трик да утврдите дали сте хидрирани е да погледнете бојата на урината. Ако е жолта, пијте вода. За да останете хидрирани се препорачува најмалку да пиете 8 чаши вода во текот на денот.
Зеленчук и овошје богато со витамин Ц
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој може да помогне во борбата против оксидативен стрес, а влијае и на здравјето на кожата. Неопходен е за производство на колаген кој е еден од главните протеини во кожата. Затоа, добро е да јадете боровинки, црвена и зелена пиперка, киви, брокули, јагоди и слично.
Омега-3 масни киселини
Здравите масти кои ги има во ореви, семиња, чиа семе, лен, рива и јајца се клучни за исхраната. Омега-3 масните киселини имаат антиифламаторни својства и помагаат на телото во борба против оксидативниот стрес.