НАСА тврди дека во нашата галаксија има најмалку 300 милиони планети кои може да се населат. Од Американската вселенска агенција велат дека во Млечниот Пат има потенцијално најмалку 300 милиони такви планети.
Вселенскиот телескоп „Кеплер“ поминал девет години барајќи планети на кои би можело да се живее и успешно лоцира повеќе од 10.00 егзопланети во нашата галаксија пред да остане без гориво во 2018 година.
Но, останува прашањето колку од тие планети може да се населат, пренесува Си-ен-ен. Астрофизичарите собраа податоци од „Кеплер“ и веруваат дека нашле одговор, а според истражувањата што се појавиле во астрономските медиуми, во Млечниот Пат постојат околу 300 милиони потенцијално такви планети, што значи дека станува збор за цврсти планети на кои има вода.
Тоа би можело да биде само груба процена и можно е да постојат многу повеќе од 300 милиони такви планети, велат од НАСА во најновиот билтен.
Некои од овие планети би можеле да бидат на речиси 20 светлосни години растојание.
„’Кеплер’ ни покажа дека постојат милијарди планети во нашата галаксија, а сега знаеме дека добар дел од тие планети би можел да биде карпест и со можност за населување“, изјавил истражувачот на НАСА, Стив Брајсон.