Наследникот на Далај лама кој пред 25 години исчезна, води обичен живот во Кина

Момчето наследник на Далај лама, кое во 1995 година, исчезна, води обичен живот во Кина, пренесуваат кинеските власти. Пред 25 години, шестгодишното момче, познато како реинкарнација на Панчен Лама (втор по ранг веднаш зад Далај лама во верувањето на тибетскиот будизам), исчезна и оттогаш никој ништо не видел и слушнал за него.

По четврт век, сега во јавноста се појавија информации дека тој живее во Кина, дека дипломирал и има има сосема нормална работа. Ниту тој, ниту неговото семејство не сакаат да бидат вознемирувани во нивните моментални нормални животи, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Краткиот коментар на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лишијан, за време на регуларната прес-конференција, на новинарите им понудил редок увид во животот на сега 31 годишниот Гедун Чоки Нима.

Нима бил идентификуван од страна на Далај лама, тибетскиот духовен лидер, како 11-ти Панчен лама во 1995 година, шест години по смртта на неговиот претходник. Пекинг го одбил и го истакнал својот кандидат, Гјалцен Норбу, за кого кинеската влада тврди дека е вистинскиот Панчен лама.

Со поставувањето на Норбу и исчезнувањето на Геден, Кина избегна момчето да стане угледна опозициона фигура по Далај лама, кој ега живее во егзил, откако побегна од Тибет во 1959 година.

Кинеските власти го обвинуваат Далај лама за немирите во Тибет, земја која е контролирана од Пекинг. Кога пораснал Норбу, во март 2010 година, тој се приклучил во главното кинеско политичко тело. На 19. години, тој влегол во Народната политичка консултативна конференција на Кина и често се појавува на важни настани во Пекинг.

Засега не е познато дали Гедун е свесен дка е избран за Панчен лама. Во соопштението кое беше објавено оваа недела, 25 години од неговото исчезнување, владата на Тибет која е во егзил, изјавила дека кинеското киднапирање на Панчен лама и насилното негирање на неговиот религиозен идентитет и право на пракса во неговиот манастир, не е само кршење на религиозната слобода, туку и големо кршење на човековите права.

Најважната цел на Панчен лама, од перспективата на Пекинг, е улогата која тој традиционално ја има во идентификувањето на реинкарнацијата на Далај лама. Во моментов, таа титула ја држи Тенцин Ѓацо (84). „Си-Ен-Ен“, потсетува дека Пекинг со години укажувал дека има намера да го контролира тој процес.

„Реникарнацијата на живиот Буда, вклучувајќи го и Далај лама, мора да биде во согласност со кинеските закони и регулации и да ги следи религиозните ритуали и историски конвенции“, изјавил минатата година претставник на Кина, кога Далај лама бил хоспитализиран поради инфекција.

Кина во 2007 година, усвоила закон, според кој, реинкарнацијата на живиот Буда е „предмет на постапка за одобрување“. Далај лама изјави дека неговиот наследник е можно да биде некаде надвор од Тибет, или дека тој воопшто нема да се реинкарнира, со што е последната личност која ја има таа титула во моментов.

Во последниве години, тој се сврте кон секуларизацијата на тибетанската влада во егзил, за разлика од теократското општество со кое управува неговиот претходник во Тибет. Многу набљудувачи очекуваат дека Пекинг и заедницата во Тибет која е во егзил, ќе го прошират јазот околу тоа кој ќе ја обликува иднината на тибетскиот будизам.

 

Scroll to Top