Светски научници кои ја следат климата на светско ниво, предупредуваат дека светот наскоро би можел да се соочи со нова застрашувачка супербура.
Во меѓународните институции за следење на времето, се размислува за воведување на нова шеста категорија за бура. Најстарата позната бура се случи во 1790 година, кога трагично загинаа 22.000 лица.
Се почестите разорни урагани се резултат на глобалното загревање, но сега научниците истите ги поврзуваат со тропските и суптропските предели. На Балканот нема да ги видиме во блиска иднина, а нивната сила може да се дознае низ ударите на орканските бури, кои имаат слична брзина.
Најсилната бура која се наоѓа во петтата категорија, подразбира ветер со брзина поголема од 250 километри на час. Со својата разорна моќ може да уништи цели градови. Најчесто станува збор за силните тропски бури.
На истокот на САД, во Југоисточна Азија и на северот на Австралија, бурите се нарекуваат урагани, а во Индија и Кинеското море ги нарекуваат тајфуни. За настанување на ураган или тајфун, потребни се претходно одредени предуслови. Тие настануваат на големи подрачја на океанот, најмалку 250 милји оддалечени од копното.
Научниците тврдат дека бројот и силината на ураганот се се поголеми во однос на преходната година.
„За да се развие ураган или тајфун, површинската температура треба да биде над 26 степени целзиусови. Ветерот кој дува во последните десет километри на атмосферата мора да биде во рамки на брзината од 10 метри во секунда и не смее да ја менува насоката. Тогаш доаѓа до размена на топлината и влажноста помеѓу океаниот и долниот дел на атмосферата“, објаснува професорот Бранко Грисогоно за 24 часа.
„Поради ротацијата на Земјата почнува и ротацијата на ветерот. Ако условите и понатаму се непроменети, тогаш влагата, температурата на водата, ветерот и бурата прераснуваат во се посилен тропски циклон, односно ураган. Ако притисокот во средишниот дел на бурата остане многу низок (околу 950 hPa), тогаш ветерот ќе биде слаб. Потребни се десетина дена за да од почетниот стадиум на бурата се создаде силен тропски циклон, а постојат и примери кога тој процес трае и повеќе од тој временски оквир.
Во последните 20 години зголемен е бројот на урагани и тајфуни кои се донесени во врска со глобалното затоплување.