Австралиските истражувачи тврдат стаклото откриено во накитот на египетскиот фараон Тутанкамон е обликувано под метеорско влијание пред речиси 29 милиони години и дека не потекнува од земјата, туку дека е од вселената. Резултатите од испутувањето на стаклото пронајдено 1922 година, се објавени во списанието „Геологија“.
Д-р Арон Кавоси од Центарот за вселенски и планетарни науки „Куртин“ ги истражувал ситните честички на минералниот циркон, откриени во жолтото стакло. Анализата покажала дека во овие честички се присутни траги од редок минерал редит, кој може да се создаде само при метеорско влијание врз површината на Земјата.
„Ова е вечна тема за дискусија – дали стаклото е создадено за време на метеорски удар или за време на воздушна експлозија“, рекол Кавоси.
Овие два процеса може да доведат до топење.
„Сепак, само удар на метеор создава ударни бранови што создаваат минерали под висок притисок. Откривањето на трагите на редит докажува дека стаклото е создадено како резултат на метеорски удар“, рече научникот.