Се чини дека сме напредувале во борбата против оваа тешка болест. Група научници откри начин на кој може да се уништат клетките на рак.
Во соопштението Маркус Питер, водечки научник од истражувањето на Универзитетот Нордвестерн, изјави дека постојат разни видови начини на кои клетките на рак може да се уништат.
Питер верува дека механизмот преку кој се уништуваат клетките би можел да биде она што тој го нарекува „древен убиствен прекинувач“.
Научникот смета дека таквиот прекинувач би можел да биде тоа што го спречувало изумирањето на повеќето клеточни организми од рак пред неколку милиони години, пред да се развие имунолошкиот систем на организмите кој се бори против болестите.
Тој откри дека третманот на лечење рак се темели на механизам кој дејствува во секоја клетка и кој научниците како него го студирале долго време.
Питер додал дека групата истражувачи открила како да го придвижат прекинувачот да работи, и дека е можно да го контролираат механизмот и да го користат на засега невиден начин.
Питер и соработниците вовеле еден вид рибонуклеинска киселина во клетката на рак.
РНК (рибонуклеинска киселина) го променила начинот на кој се однесуваат молекулите. Питер и неговиот тим утврдиле дека некои од тие посебни „мали мешања на РНК“ може да се користат за уништување на гените, да го придвижат „древниот убиствен прекинувач“, по што клетките на рак почнуваат да се уништуваат самите.
Секвенците на РНК ги убиваат клетките „истовремено елиминирајќи ги гените потребни за преживување на клетките“, пишува во соопштението.
Потоа гените за преживување ги елиминираат убиствените молекули, предизвикувајќи повеќекратни паралелни клеточни изумирања. Питер го нарекува овој механизам „предизвикувачка смрт, со елиминација на гените за преживување“.
Иако првите резултати биле поволни, Питер си поставил реални очекувања. Тој и неговиот тим во моментот се во процес на подобрување на нивните методи за клинички испитувања на луѓето. Ќе биде потребно многу работа и многу средства за да се довршат нивните истражувања.
За понатамошните истражувања ќе биде потребно време, но Питер е свесен за товарот на ракот, кој е втора водечка причина за смртта во светот, според Светската здравствена организација (WHO).
Тој коментираше:
„Најлошата работа што може да се случи кога ќе откриете нов начин на лечење рак е да се удавите во е-пораки од целиот свет од очајни луѓе на кои им е дијагностициран рак и тие молат за помош и сакаат да волонтираат во клинички испитувања.
Питер заклучил во интервјуто: „Тоа се случува секој пат, и секој пат, верувајте ми, јас седам таму и плачам. Тоа е најлошиот дел објавувањето на истражувањето во јавност“.
Природни лекови за спречување рак
Не чекајте нови вести од својот лекар. Обидете се со овие природни лекови кои го спречуваат ракот:
Одржувајте здрава и удобна телесна тежина. Маснотијата е метаболички активно ткиво. Метаболичката активност на нашите масни клетки е една од причините зошто телесната тежина може да влијае на ризикот од рак.
Јадете органска храна. Сите видови пестициди, хербициди и фунгициди имаат канцерогени карактеристики. За да се намали ризикот од добивање рак, намалете ја својата изложеност на хемикалии кои предизвикуваат рак.
Јадете многу алкални намирници и антивоспалителни намирници. Воспаленијата се лоши за вашето здравје, и тие може да го зголемат ризикот од развој на рак.
Пијте свежи сокови. Свежиот исцеден сок од овошје е добар начин да се „поплават“ вашите клетки со хранливи работи кои ви се потребни за вашето тело да може да функционира оптимално. Соковите се алкални, и можат да помогнат да се намали ризикот од рак.