Научниците објаснуваат дека топењето на ледот би можел да влијае на околината и да го поттикне емитувањето на закопаното зрачење во внатрешноста на земјата. Тие велат дека станува збор за посебен феномен на 21 век, а примерите на ледените површини кои исчезнуваат со секој минат ден, стануваат се почести.
Меѓународен тим проучил 17 ледени локации ширум светот, вклучувајќи ги и оние на Арктикот, Антарктикот, Исланд, Алпите, Кавказ и Британска Колумбија. Трагите од природна радијација постојат, но научниците бараат примери на зрачење кои го покренале луѓето.
„Станува збор за некои од најголемите нивоа на радијација надвор од нуклеарните зони“, вели Каролин Класон, од Универзитетот Плимут.
Радијацијата која е предизвикана од човекот, како онаа во нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, и несреќата во Фукушима во 2011 година, се ослободува во атмосферата. Тоа се низа на радиоактивни елементи, како радиоактивен цезиум, поради кои луѓето се разболуваат, а од последиците на вдишувањето некои и умираат.