Група на заговорници за глобалното затоплување останаа запрепастени, во текот на експедицијата на Северниот пол, кога нивниот брод остана блокиран од далечното патување на леденото пространство.
Организацијата „Polar Ocean Challenge“ имала за цел да докаже дека глобалното затоплување е „реално“, поминувајќи низ, (во текот на два месеци) од Бристол во Аљаска, па преку Норвешка, а потоа и во Русија низ преминот „Североисток“, па повторно назад кон Аљаска низ преминот „Северозапад“ на Гренланд, па потоа повторно да се врати во Бристол.
Нивната цел била, како што е наведено на нивната веб страна, да бидат во состојба да покажат „дека површината на арктичкиот лед се повлекува, сега во летните месеци, и дека морето кое било заледено, сега е слободно за пловидба во тие премини“.
Но постои еден мал проблем од кои во мометов како што велат тие се „ика“: Тие во моментов се загубиле во Мумарнска во Русија, затоа што преголемиот лед им го блокирал преминот.
Североистокот, за кој тимот изјавил дека не постои во летните месеци, во склоп со реалната климатска наука.
Реалната Климатска Наука исто така пружа графички приказ на моменталните температури на Арктикот – без оглед на узбуната и тврдењата дека Арктикот е потопол од било кога – всушност е под нормалата.
Тимот на „Polar Ocean Challengea“, не е првата експедиција на глобалното затоплување кое е соочена со летните ледени невољи. Во 2013 година, антарктички истражувачки брод под името „Akademik Shokalskiy“, остана заробен во ледот, а проблемот беше толку голем што всушност мораа да спасуваат 52 члена од екипажот.
Во 2015 година канадскиот ледокршач. CCGS Amundsen, беше присилен да го промени правецот и да им помогне на бројни бродови, кои останале заробени во ледот.
Ледените блокади се случиле нешто повеќе од месец дена откако климатскиот научинк на Оксфорд, Питер Вадхамс, изјави дека Арктикот ќе биде „целосно без лед“, во септември оваа година.
Иако очигледно не е септември, тој реферираше дека ќе има многу малку лед ова лето.
„Дури и ако ледот целосно исчезне, многу е веројатно дека тоа ќе биде рекордно ниско оваа година“, изјави Wadhams The Independent, во јуни годинава.
Тој очекува дека ќе има помалку од милион квадратни километри од крајот на летото, но моменталниот износ на површината на арктичкиот лед е 10,6 милиони квадратни километри, според податоците од Националниот информатички центар за лед и снег (NSIDC).
NSIDC предвидува стапка на губење на ледот за септември, на само околу 600.000 квадратни километри дневно. Ако тој број се одржи, топењето на Арктикот ќе трае околу 160 дена, и дека истиот ќе се стопи до предвидените милион квадратни километри лед.