Не умрела од срцев удар, откривме страшни повреди на нејзиното тело, рече судскиот патолог кој ја направи аутопсијата на телото на Ивана Трамп

Судски патолог ја откри причината за смртта на поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана. Таа беше најдена мртва во средата во нејзината куќа на Менхетен. Нејзиното тело било најдено на дното на скалите, а покрај неа имало шолја со кафе.

Телото го нашле асистентот и чистачката кои биле загрижени откако не им одговорила на телефонските повици. Нејзината смрт беше прогласена за несреќен случај. По направената аутопсија судскиот патолог открил страшни повреди во пределот на градниот кош.

На почетокот се сомневаше дека доживеала срцев или можеби мозочен удар и затоа паднала низ скалите. Сепак сега се смета дека причина за смртта биле повредите кои личеле како да се направени со тап предмет во пределот на градниот кош.

„Тоа значи дека Ивана починала од последица на падот“, рече судскиот патолог.

За потсетување, првата сопруга на Трамп пред неколку месеци се борела со нарушено здравје и проблеми во колковите поради што имаше проблеми со одењето. Нејзини пријатели открија дека ангажирала дополнителни асистенти за да може да прошета низ улицата и дека понекогаш воопшто не можела да се движи.

 

Scroll to Top