Нелегалното слетување на Матијас Руст во Москва била идеја на Горбачов

Матијас Руст германскиот пилот кој летал од Хамбург па се до Москва, каде слетал на Црвениот плоштад, била идеја на Горбачов, кој што на тој начин сакал да ги спроведе своите замисли и реформи во тогашниот СССР.

Со самото слетувањето на Руст, на Горбачов му се отвориле патиштата за да се ослободи од своите генерали, многу високи функционери, меѓу кои и министерот за одбрана Александар Колдунов, сметаат голем број заговорници.

Во тој период железната завеса се срушила и СССР се позиционирала како отворена земја, која била подготвена за градење мостови и земја која на секој начин ја поздравувала народната дипломатија.

Поради ваквиот негов потег на Руст му било судено во 1987 година. Тој поелтал од Германија, а слетал во СССР на 28 мај, истата година, на Денот на граничарите. По слетувањето на Москворецки мост, тој полека стигнал и на Црвениот плоштад.

Руст јавно изјавил дека бил загрижен поради односот меѓу СССР и САД и поради неуспехот на самитот за смирување на односите меѓу двете земји. На самитот учествувале и Михаил Горбачов и Роналд Реган. Руст вели дека долетал за да разговара за стекнување пријателство.

Се изјаснил исклучиво како „гулаб на мирот“, а неговите изјави биле впечатливи и полни со љубов. Руст му било судено само два дена откако го испратиле во затворот „Лефортов“. Во медиумите се појавиле и фотографии од ќелијата каде престојувал.

Тој бил облечен во оддело и кравата. Јадел супа и седел на полирана маса и тапициран стол. Покрај тоа на фотографиите се гледале и бели салфетки, како и кинески чајник, на кој биле насликани златни риби.

Но, тоа не траело долго. По 432 дена Руст бил ослободен од затвор, а дури потоа му бил вратен и авионот. Многумина тогаш сватиле за што се работи. Војската особено била упатена во ситуацијата. Советските системи на противвоздушната одбрана во повеќе наврати биле подготвени да го спречат Руст во слетувањето.

Не само што го забележале, туку и го следеле неговиот авион „Cesna-172“ како влегува кон внатрешноста. Од четири аеродроми полетале руски ловци да го пресретнат.

Никој не добил наредба за акција. Во таа зона Руст се нашол во време кога во системот на испраќање и примање кодови, кодот „наш-странски“, бил променет во кодот „Наш-наш“.

Полковникот во пензија Александар Жилин, шефот на Центарот за проучување на проблемите на национална безбедност, сметал дека Матијас Руст бил провокатор, а неговиот лет во името на мирот, била добро испланирана провокација на Горбачов.

Целта била чистка во војската и смена на генералите кои не одговарале на тогашниот генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов и западните политичари, кои се спријателиле со СССР.

„Од советската страна, на највисоко ниво била одобрена таквата провокација. На крајот на Горбачов му дадоа и повод да се ослободи од генералите затоа што се подготвувала капитулација на земајта. Основната причина за овозможување на слетувањето било внатрешното предаство. Знаете ли дека на подрачјето на Црвениот плоштад било направено сè , за да не биде попречен Руст да слета? Или дека ловецот кој го следел можел да го сопре и тоа без употреба на оружје“, прокоментирал Жилин.

Експертот целиот тој настан го нарекол „колосална национална срамота“. Сепак заштитниците на советското небо имале прилично објективни причини за мирување.

Над Сахалин во 1983 година бил соборен јужнокорејскиот „Боинг 747“, затоа што ја нарушил границата на воздушниот простор. Година дена подоцна на Конвенцијата на меѓународната цивилна авијација, се појавила точка во која се наведува дека едниците на PVO не смеат да ја загрозат безбедноста на цивилните летала во случај на пресретнувања и дека мораат да се воздржат од примена на оружје во таквите случаи.

Може да се каже дека на Советскиот сојуз му биле врзани рацете по потпишувањето на Конвенцијата, а Жилин е убеден дека денес е невозможно да се повтори ситуацијата во Русија како што е со Матијас Руст.

Scroll to Top