„Нема да допуштам да ме „јеб*т“ на тој начин“, изјави тој на репортерката на Ројтерс.
„Можеби сум глуп, но знам кога сум превеслан“.
Францускиот воен заповедник е во оставка, по отворениот конфликт со претседателот Емануел Макро, околу воената потрошувачка.
Пиере де Вилиерс јавно се жалеше околу резовите на Макром во воената пресметка, наводно велејќи дека тој нема да биде „Јеб*н“ на тој начин“, пишува РТ.
„Во сегашните околности не се гледам повеќе себе си во можност да ги гарантирам одбрамбените сили кои се потребни за да се осигура заштитата на Франција и францускиот народ, денес и утре, и за одржување на целите на нашата земја“, изјави Де Вилиерс, како што наведоа француските медиуми.
Тој додаде дека Макрон ја прифатил неговата оставка.
Отворениот конфликт меѓу шефот на државата и шефот на вооружеите сили започна нешто претходно во јули, кога францускиот министер за финансии Гералд Дарманин најави кратења на воените пресметки.
Според предложеното намалување на пресметките, Министерството за одбрана ќе мора да направи заштеда од 850 милиони евра (980 милиони долари). Министерството за внатрешни работи и министерството за надворешни работи исто така ќе мора да се соочи со намален буџет.
Дарманин изјави на новинарите од „LeParisien“, дека властите „пронашле начин на кој ќе заштедат 4.5 милијарди евра… само со национална влада“ и вети дека нема да има социјално осигурување, ниту локална власт, затоа што сето тоа ќе биде во рамки на „дел од штедењето“.
Де Вилиерс (60), протестираше во врска со кратењата и пред парламентарниот одбор.
„Нема да допуштам да ме еб*т на таков начин“, изјави тој пред новинарите на Ројтерс.
„Можеби сум глуп, но знам кога сум превеслан“.
Макрон финансиски го „ишамара“ Де Вилиерс, говорејќи дека тој „направил обврски“, и дека тој бил Де Вилиерсов шеф во својата традиционална годишна пресметка со војската во која беа присутни високи воени војници и нивните семејства.
„Јас ги одработив моите обврски, јас сум ваш шеф“, изјави тој.
„Ако шефот на вооружените сили има проблем со претседателот на Републиката, шефот на персоналот мора да се менува“, додаде Макрон во разговорот со новинарите од „Journal du dimanche“.
„Војската во основа е покорна и послушна. Така да, во суштина претседателот во било кој домен на своите права ги преминува своите овластувања… Но, начинот на кој тоа го прави ќе остави последици. Не можете јавно да ги преиспитувате воените лидери како што тоа го направи Макрон со Де Вилиерс, пред своите подредени“, изјави поранешниот заповедник и Министер за надворешни работи Jean-Yves Le Dria, кој го пофали Де Вилиерс во средата велејќи: „Тој е голем војник, голем интегритет, и интелегенција“.
Le chef d’état-major des armées menace de démissionnerhttps://t.co/I0YMxRsRZd pic.twitter.com/OyLLH3DhLT
— BFMTV (@BFMTV) July 13, 2017