Според наводите на Министерството за внатшрени работи на Србија и министерот Небојша Стефановиќ, во Белград од слобода е лишен еден од поранешните припадници на американските специјални единици „Фоки“, од злогласните единици одговорни за ликвидација на Осама Бин Ладен.
Според пишувањата на белградските медиуми, информацијата за престој на поранешниот припадник на американските морнарички фоки од едницата „Team six“, кој во Белград стигнал со намера да изврши високопрофилна ликвидација, потекнува од изводот од криминалното милје.
Во моментите на упадот на полицијата и како што наведдува министерот Стефановиќ, пронајден е пиштол без сериски број, а покрај Корбет Д, од слобода се лишени уште и двајца помагачи со српско потекло, кој го обезбедиле оружјето и логистиката.
Освен што на интернет нема информација за уапсениот поранешен маринец во странските медиуми, внимание предизвикува и фактот што нема реакција од амбасадата на САД во Белград.
Дека е во прашање лице кое повеќе од 12 години бил припадник на најелитната специјална единица, не чуди и недостатокот на податок за неговиот идентитет, а дека како припадник учествувал во бројни ликвидации, многу е веројатно дека се работи за лажен идентитет.
Според наводите на белградските медиуми, се работи за лице кое наводно е вработено во една израелска „безбедносна агенција“, кој требало да изврши ликвидација и да исчезне (најверојатно како и остаоткот од озлогласените фоки, кои учествувале во убиството на Обама), иако не е познато дали Корбет бил свесен за нивните судбини.
Јавноста во Србија останала ускратена и за фотографиите, од сериозниот убиец, а ако се суди според коментарите на веста, акоцијата на полицијата со апсењето на Корбета е изведена крајно непрофесионално, со што е нанесена несогледлива штета на истрагата.
Дека се работи за аматерски потег на белградската полиција, говори досегашното делување на американските безбедносни служби, кои по пријавата никогаш не испраќаат само еден атентатор, поради што метата, која не е наведена, веројатно останала непозната и изложена на опасност.
Поради тоа што се работи за лице со американски пасош, веројатно недолго по апсењето, е предаден на амбасадата во Белград, од каде најверојатно е префрлен назад во САД, а на негово место е испратен повнимателен колега атентатор.
Впрочем во прилог на недостиг на информации на сајтот на Министерството за внатрешни работи на Србија, за апсењето на наводниот работник од израелската „Безбедносна агенција“ оди фактот што нема информации ни на официјалната Фејсбук страница на полицијата, наводно креирана вчера.
За да целата приказна биде несериозна, вниманието на министерот на полицијата, далеку повеќе го привлече вниманието со закачување на сликата на дрогираната српска младина на социјалните мрежи, со коментар дека „има надеж“, дека истрагата за овој Американец ќе доведе до резултати.
На насловната страна на познатиот белградски таблоид „Ало“, со наводите дека за атентатот се платени 250.000 долари, објавено е дека „Фоката“, сакала да ликвидира „угледен Србин“ со додаток дека атентатот кој требало да го изврши Корбет Д, бил планиран по моделот на убиството на Оливер Ивановиќ.
Се поставува прашањето дали се работи за уште еден предизборен спин на владејачката партија пред локалните избори во Белград, со сериозен пропуст на безбедносните служби, или немоќ на српската полиција да спречи уште една ликвидација под притисок на САД.