НЛО летало над чувствителни и важни објекти и локации над САД, потврдија од Пентагон, а пренесе „Си-ен-ен“

Неидентификуваниот објект кој беше соборен во канадскиот воздушен простор во саботата, е мал метален балон на кој имало приврзан терет под него, стои во моморандумот на Пентагон кој е испратен до законодавците во САД. До овој меморандум стигнаа и новинарите на „Си-ен-ен“.

Во него се објаснети деталите од трите соборени објекти. Опишани се како цилиндрични објекти кои пред да бидат срушени летале и набљудувале чувствителни локации на американско тло. Едниот објект бил срушен над езерото Хурон, во Мичиген.

Пратеници во Капитол Хил сега ја притискаат администрацијата на Бајден за да им дадат повеќе информации за соборените три неидентификувани објети. Истите беа соборени само три дена по срушениот кинески шпионски балон, кој минатиот викенд прелета над САД.

Претходно во Белата куќа е одржана и конференција за медиумите, а фокус беше ставен на темата за мистериозните објекти. За потсетување, американски воени авиони срушија три објекти чие потекло засега останува мистерија за сите.

Американската војска сруши и кинески шпионски балон кој леташе над Атланскиот океан, а за кој Кина тврди дека го користела за цивилни цели и дека случајно се нашол во американскиот воздушен простор.

Scroll to Top