Нострадамус предвидел почеток на трета светска војна на Блискиот Исток

Еден од најпознатите ѝ најистакнати пророци, Нострадамус, предвидел дека третата светска војна ќе почне на Блискиот Исток. Во светлото на најновите настани, неговите предвидувања звучат сосема логично.

Светските медиуми известуваат дека во наредните 72 часа се очекува напад на американските сили врз Сирија. Русите недвосмислено ставија до знаење дека во тој случај жестоко ќе одговорат.

По актуелните настани во Сирија, многумина се присетуваат на зборовите на пророкот кој наводно предвидел дека најголемиот конфликт во историјата на човештвото ќе почне со конфликт на Блискиот Исток.

„Војната ќе почне меѓу две големи светски сили и ќе трае 27 години. Во моментот на големото насилство ќе се појави комета на небото. Тероризмот и природните катастрофи ќе ја уништат нашата планета“.

Ова предвидување се толкува како визија за избивање војна меѓу Русија и САД, вклучувајќи ги и нивните сојузници. Некои го толкуваат предвидувањето како почеток на војна, но на тло на Франција, по терористичките напади и инвазија на Арапите и муслиманите во Европа.

Книгата на Нострадамус „Пророштво“ е испечатена во милиони примероци и денеска е најпознатата книга за пророштва.

Највпечатливите стихови во неговата книга се поврзани со фашистичкиот лидер Адолф Хитлер.

 

 

Scroll to Top