Синоќа главна тема на социјалните мрежи беше новиот, хантавирус од кој досега почина еден човек во Кина. Мажот почина како последица на хантавирус, пренесуваат тамошните медиуми. Веднаш во јваноста почна да се шири паника, за коков вид вирус станува збор, и дали истиот е поврзан со коронавирусот.
Експертите велат дека овој вирус не е нов и дека луѓето и претходно биле заразувани од него. За него се знае дека исто како и коронавирусот, овој вирус преминал на човекот преку животните воглавно глувците.
Истиот може да предизвика респираторни проблеми баш како и новиот коронавирус. За среќа, овој вирус не може да се пренесе од еден човек на друг, туку само преку контакт со животно, заразени глувци и стаорци.
Раните симптоми на овој вирус вклучуваат грозница, главоболка, болки во мускулите, болки во пределот на стомакот, вртоглавица, проблеми со стомакот како и мачнини, повраќање и дијареа.
Некои хантавируси можат да предизвикаат и хеморагиска грозница со бубрежен синдром. Доколку состојбата не може да се излечи тогаш истата ќе биде фатална по организмот.
Американскиот центар за контрола на болести вели дека хантавирусот за разлика од коронавирусот може да се рашири во воздухот. Се верува дека овој вирус потекнува од глувците и стаорците и може да се пренесе на луѓето преку касање или пак фекалните материи кои што доаѓаат во контакт со луѓето.
Во САД во 2017-та година дошло до мала епидемија на хантавирусот, но бројот на заразени останал на 17. Немало смртни случаи. Појавата на глодари во куќата и околу неа е главниот ризик од изложеност на овој вирус.