Божиновска: Младите заслужуваат вистинска шанса да ги покажат своето знаење и потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици.

Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени на заштитата на животната средина, а нивните идеи сега добиваат место во јавниот простор преку дизајнирање на електроенергетски ормани.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Partnerships for Inclusion: Turning ESG Commitments into Action“ истакна дека зад секој од создадените цртежи стои млад човек со талент, идеја и желба да биде виден, вклучен и да придонесува.

 

На настанот присуствуваа и главниот извршен директор на ЕВН Македонија, Волфганг Маер, како и директорот на „Раде Кончар ТЕП“, Горан Антевски. Божиновска посочи дека имала можност да види како двајца од учениците лично ги претставуваат и создаваат своите решенија.

„Токму затоа ни се потребни повеќе вакви партнерства. Кога компаниите, институциите и образовните установи создаваат простор за младите да го покажат својот потенцијал, инклузијата станува реална, видлива и трајна“, порача Божиновска.

Таа нагласи дека секој млад човек треба да има можност да покаже што знае и што може, а одговорност на општеството е да создаде услови за тоа.

Scroll to Top